„Еее, ошче со тоа добро ако ме израдува господ, нишчо друго веќе не му сакам“ — си повторуваше сама во умот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Само пари не ќе му сакате ногу, — рече Крле на излегување.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Кажи му, нека му каже на човекот што ќе му сакаш, до кога да те чека, та спремајте се и он и ти, прибери се да имаш сенка над главата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Но, татко му сакал тој да го замени и да ја наследи меаната, та и не сакал да чуе неговиот син да го продолжи образованието.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Го формира Тајниот револуционерен комитет чија цел е „слободата на нашата мајка Македонија“.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Тој наслутува дека мајка му сака да го испрати по некоја работа, а од тоа нема ништо по омрзнато во светот.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
„Имаш некој динар, педер?“ беше прашањето по кое знаеше дека таа вечер излегува со девојката, а кога ќе го прашаше: „Кога си утре на училиште? “, знаеше дека брат му сака да ја донесе дома и да бидат сами, за да водат љубов наутро во собата која ја делеа двајцата, додека тој е на училиште, а неговите се на работа.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Е, што е убаво коњи да се потковуваат!“
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Имал, сѐ душа што му сакала, само немал свое дете.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Дворјаните околу царот се погрижиле детето што ќе се роди по секоја цена да биде машко, зашто царот ги застрашувал со смрт ако не му се роди наследник.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Сега син му сакал нејќел ќе се отсрами и сам ќе оди во народната кујна. Пеша, со парчосани сеќавања на татка си.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
И така: згоре-удолу, Џемо полјакот го враќа дома. Ја спружува пушката во скутот и бара зелник со кисело млеко, бара што има и што нема. Сѐ што му сака газот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)