Неговото лице беше в сенката а Мануш и Јанкуло, потпрени еден на друг, не можеа ништо да му прочитаат во очите и чекаа уште побледи од порано.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Потем се истава, а Саздо се обидува да му прочита во очите што всушност се случува.
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
Сане ги оџагорува очите, устата му е отворена, се обидува да се насмее, но и да заплаче; чувствува дека би било несмасно да се смее па на изразот му дава печат на тага.
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)