му (зам.) - приоѓа (гл.)

Кришум, со непозната љубопитност на селски безработници во касни есенски дни, го гледаа оддалеку и не му приоѓа, го сметаа, баре некои, за мрднат.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Му приоѓам, благи наклон, а он ме тапша по рамо и ми се обраќа на шуќмураст енглески (со акцент ко Раде Шербеџија): „Еве ти визи за Канада. Иди, види, па пиши како е“.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
ЕВТО: (Пауза) Станува. Му приоѓа на Михајло. Го прегрнува.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
САРА: Што не знаевте? (Сара му приоѓа на Сивиќ. Го прегрнува околу половината. Гледаат во Стево. Пауза.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
(Му приоѓа. Го прегрнува како Богородица која го држи Христос)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
(Влегува Елена. Пауза. Тишина. Го загледува Михајло. Му приоѓа. Му го допира образот. Михајло збунето ја гледа.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
(Завршува со премачкувањето на еден светец. Нечујно му приоѓа на Михајло зад грб.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Само понекогаш по малку се исправал да види што се случува и се обидувал да повика некого, да поразговара, да каже дека мачењето е попусто, тој ќе умре, другите ќе умрат, по нивната смрт сè ќе е мртво.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Никој не му приоѓал. Секој малку ја носел тежината на сомневањата, секој бил нападнат од грижи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Барем сега, додека ќе ги сонува оние несреќници од Костурницана, да не му дозволиме на ѓаволот да му приоѓа!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
ЛУКОВ: (Му приоѓа на Фезлиев, го растресува за јаката од палтото и го фрла во најблиската фотелја.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Но службеното лице што му приоѓаше беше многу поуочливо.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)