По обилниот ручек (келнерката Цвета беше задолжена во 14 часот да му принесе топол оброк) тој се повлекуваше зад талпите потпрени на еден бор зад осматрачницата и, додека си го вадеше, песот Мурго, мафтајќи со опашката, полека ќе му се приближеше, ќе ги кренеше предните нозе и ќе ги потпреше на неговиот грб, но Гоше силно ќе го удреше со петица по стомакот, остро, на прва, со ѓон, за да не се случи нешто непредвидено, на тоа Мурго ќе заквичеше, ќе ги свиткаше задните нозе, ќе клекнеше на тревата (таа беше мека, англиска, добро одгледана и секогаш влажна, свежо испрскана), и по неа го лизгаше курот, надигнат, црвен, светнат, го влечеше по влажната трева до оградата и назад, по неколку пати, сè додека не свршеше.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Кога ќе малаксаат од пиење и пеење, кога ќе се вангелосаат убаво, стануваат, и сите заедно одат на гробиштата; одат на гробот каде што требаше да лежи Лоте; седнуваат крај него и плачат, ронат солзи; жалоста уште повеќе се зголемува кога Лоте одненадеж ќе се струполи над гробот, ќе се оптегне колку што е долг и широк: ќе ги прекрсти рацете на мевот, ќе ги вклешти вилиците, ќе ги затвори очите и ќе го запре дишењето; луѓето тогаш му пеат тажни, погребни песни, му палат свеќи, му принесуваат цвеќиња.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
И јас ќе каснам некој залак, - се сврте тој да ѝ рече на баба ми која на детето му принесе леб и сув грав со нагезмо и продолжи да му ја раскажува на дедо ми: - Ама владиката грчки дозна за таа работа и се налути.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Доколку, пак, тоа воопшто и се случи, доколку пилето се најде меѓу решетки - првата грижа и на неговите родители и на сите птици од неговиот род ќе биде која од нив побрзо да му принесе стракче отровна тревка која да ја фрли во кафезот!
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
ГЛАСОТ: Што би се случило, ако на исламски вампир му принесете крст?
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Свежината на ноќта, ќе ја замени огинот на денот.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Како што тој ќе ја присегне раката така жена ми му принесува друга чаша со вино и како што тој ќе ја испие така потечуваат матни загадени води што го преплавуваат Балканот.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Одново на птиците, помислувам, на полското трнарче, помислувам, на тоа одлучно и полетно пиленце на македонските полиња кое не знае за кафезот.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)