му (зам.) - претходи (гл.)

Стапката на законската казнена камата се определува за секое полугодие и тоа во висина на каматната стапка од основниот инструмент од операциите на отворен пазар на НБРМ [референтна стапка] – што важела на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие, зголемена за 10% во трговските договори и договорите меѓу трговци и лица на јавното право, односно зголемена за 8% во договорите во кои барем едното лице не е трговец...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, по ново, должникот кој ќе задоцни со исполнувањето на парична обврска долгува, покрај главнината, и казнена камата (чл. 266, ст.1 од ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во случаите кога на донесувањето на решението му претходи утврдување на фактичка состојба, Фондот е должен да донесе решение најдоцна во рок од 45 дена од денот на поднесувањето на барањето (чл. 140, ст.1-2 од ЗПИО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Решение за правата од пензиското и инвалидското осигурување донесува Фондот, најдоцна во рок од 30 дена од денот на поднесување на уредно барање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Првата тема, се разбира, произлегува од едно искуство што му претходи, донекаде на комунизмот, но кое е особено вкоренето во титовскиот период.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Напротив, сметаме дека извесен тип прашања за смислата и потеклото на писмото му претходи, или барем се преплетува со извесен тип прашања за смислата и потеклото на техниката.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За уметникот, тогаш станува збор да одбере една или повеќе техники.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Голем број на правци како ARTE POVERA, WELTZAURIG, Новиот реализам, FLUXUS, уметниците како JO- SEPH BEUYS, никогаш не ќе го оствареа истото ако не се беа сретнале со делото на Швитерс. Дали мислите дека постои разлика помеѓу она што Американците го презеле од Швитерс и она што Европјаните го презеле од него? Не верувам дека постои толкава разлика, бидејќи поп-генерацијата отсекогаш применувала некаква нео-европска сликарска димензија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И тој успеал ова да го заборави, да замачка очи само во текот на една авантура: како самата таа авантура.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ја ценам подеднакво и неговата слобода во однос на стратегиите на интервенција. Можете ли да го објасните поимот “стратегија на интервенција”? Во овој случај, стратегија на интервенција значи избор на употребените средства, бидејќи она што сакаме да го изразиме му претходи на начинот на кој тоа ќе го сториме.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Техника во служба на говорот: тука не се повикуваме на некоја општа суштина на техниката која веќе би ни била позната и би ни помогнала да го разбереме, како пример, тесниот и историски определен поим на писмото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но, како што веќе реков иако тие ја исфрлија и морам повторно да ги натерам да ја вратат, “Мојата желба да ја илустрирам Дивата забава израсна од нешто повеќе од очајничката желба за невиниот хедонизам на дваесеттите, иако признавам, чувствувам огромна носталгија за сите децении кои му претходат на моето раѓање.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Писателот кој ќе се помачи со овие вежби ќе сфати, при пишување на приказна или роман, дека на располагање му стојат разни можности во секој момент од творењето, а ќе биде во подобра позиција и да избере најдобро решение - или да смисли некое ново.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
2) Опишете предел виден со очите на старицата чиј одвратен и неподнослив маж штотуку починал. Не споменувајте го ниту мажот ниту смртта.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Населувањето, пак, на Видана Јанчески во Јасики, и сѐ што му претходеше на тоа, и сѐ што се случи потоа со него, со Видана, е долга и мачна историја.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но на тоа му предоди една друга, подолга и одамнешна историја.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ако за Видана Јанчески може да се рече дека беше рожба на една таква, несреќна љубовна историја, Ристана Голушкоска, пак, беше жртва на безумноста и свирепоста на завојувачите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На сето тоа многу други работи му претходеа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Слична на уште една таква во Потковицата, на онаа за Јована Дамчески и Роса Јанческа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сам не ќе можам да ја однесам мајка ми до местоно што го избра. - До кое место? - прашав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таа самата ме упатуваше како да ја изведам работата - додаде Иван. – Досега се снаоѓав самиот, но за другите активности, мислам на обврските што му претходат на погребот како и за самиот погреб, потребна ми е поддршка и помош.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зашто е тоа така?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во своето афористичко творештво, тој му претходи на Станислав Ежи Лец, само што е поведар од него.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
К. Прутков е најистакнатиот руски творец на афоризми, а покрај тоа, истиот е баснописец, сатиричен поет и автор на неколку комедии.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Токму затоа, господа слободоумци, зашто во вршењето на државната дејност униформата, така да се рече, му претходи на човекот, а не обратно.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Овие размислувања го одведоа до оние димензии на искуството, кои му претходат на јазичното одделување на субјектот од објектот, на умот од телото.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Традицијата му претходи и предничи пред неговото размислување: тој ѝ припаѓа повеќе отколку што е сопствен господар.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Лежи таму, фиксиран во идното време, како претходница на смртта, исто толку сигурен колку што 99 му претходи на 100.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога ќе помислам, отсекогаш сум се прашувал: „Кој кому му претходел, Ракот на Генот или Генот на Ракот?”, или, ако сакате наопаку: „Кој кого го наследил, Генот Ракот или Ракот Генот?“
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
На ова му претходи промуќурен поглед лево и десно, да случајно не бидеш приметен од случајните минувачи.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
На ова му претходи грижлива класификација: башка хартија, башка пластика и стакло, башка органско, башка останато...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Но тој не сакаше да ја открива нејзината тајна. – Според верувањето – продолжи Татко – Куранот му претходи на создавањето на светот, како и на арапското писмо!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тоа е божјата волја која му претходи на создавањето на светот!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Овие заедници немаат никаков друг цврст темел освен определбата на нивните членови да живеат во нив, така што траат онолку долго колку што вниманието на членовите е живо а емоцио­налната определба силна. Во спротивно, тие едноставно исчезнуваат.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Она што го покажував во текстот Мо­дер­нитет и амбивалентност, но и во делото Навестувања на постмодерни­те­­тот, се состои во тоа дека постмодерните заедници им се послични на Кантовите естетички заедници отколку на Тениевата заедница која му претходи на изборот на секој нејзин член и го детерминира.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не сфаќајте ме погрешно, никогаш не сум си вообразувал дека можам да го остварам тој сон на Икар.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Помислив дека ова доцнење, или поточно свеста за тоа дека доцнењето и вистински се случува, може негативно да се изрази на пример при попречувањето на евентуалниот залет што секогаш му претходи на обидот за лет.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Паметам, овој мој заклучок настана во мигот кога неочекувано, од изненаденост, (а изненаденоста му претходи на секое големо откритие) неконтролирано извикав: Господи, брат ми е навистина преполн амбар самодоверба!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Уште ја памети вечерта кога ѝ беше пришол и начинот што го беше применил за да ја освои! (Инаку, на ова приоѓање му претходеа приличен број денови на приближување, на загатнување, на искажување некои недефинирани чувства).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тој ден не беше сончев. Ништо не ја прекина ноќта која му претходеше.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Се чини дека Дерида сака да објасни дека Теут ја одразува приказната за Тот, и дека неговото присуство кај Платон влегува во рамката на одредена структура на западната мисла, онаа според која пишувањето е осудено како лажно и изведено, наспроти гласот, за којшто се мислело дека претставува извор, пренесувач на вистината и носител на „присуството“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Третото поглавје од првиот дел на “Фармација”, делот кому му претходат трите епиграфи, зборува за присутноста на египетскиот мит за Тот, когошто го споменува ликот на гласникот Теут, во Платоновиот Федар.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Од таквиот светоглед, изградуван врз алхемиските учења, но и на склоноста кон Пироновото учење на грчките скептичари, како што тоа се обидуваат да го објаснат многубројните студии за уметноста на Марсел Дишан (Marcel Duchamp, 1887-1968), настана еден уметнички опус, на чие што објективизирање му претходеше едно творечко аура апрехенсио.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Повторно, идејата за писоарот, намерно одвоен од yидот, е невообичаена надвор од Дишановото дело, на кое што му претходи романот на Жари.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Постмодернизмот се појави 83-84 година, и прилично е шизоиден, како и сите други поп движења што му претходеа. Му се спротиставува на она Што јас го нарекувам СФ на „главниот тек”, всушност на сето старо...
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Зар се разликува од времето на рамната земја? Или од она што му претходеше?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)