му (зам.) - претскаже (гл.)

Пред околу десет години јас му претскажав на еден човек најразлични катастрофи, а денес, само пред кратко време, излегувајќи од возот, оддеднаш го гледам него на перонот на железничката станица.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Му даде име Скрче, и му ја одбра најдобрата ѕвезда и му претскажа добра судбина: здрав, умен и продолжувач на лозата од татка си. Под таа ѕвезда и растеше Скрче.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Не приоѓајте му, Оставете го. Три жени со бели шамии околу главите Му претскажуваат, црвена жед од која ќе изгори земјата и дека низ провалиите на исушени мориња со векови надоаѓаат заточеници да го видат како се скаменил чекајќи ја да мине девојката на залез сонцето што ја оплоди.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Или, на друго семантично рамниште, кога во истата приказна истиот јунак, предок на махараџата Раџнапур кој уште во 1521 година се расправал со ајдуци, ќе му претскаже на нараторот дека „по две години ќе оболеам од птичја болест и оти не ќе говорам, туку понајчесто ќе чурликам и чурликот ќе го запишувам и од него ќе направам книга во која многумина болни ќе влегуват, здрави ќе излегуваат“ - што друго значи тоа освен дека нараторот ќе стане поет и дека со својата поезија ќе ги лекува луѓето?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Што ли му претскажаа?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)