му (зам.) - пресече (гл.)

Веле стои на пештера, тој ми вели ем говори: „Ај станујте, мој другари, фашистите сардисаа, сега за нас живот нема, живи ќе нѐ изваќаат“ Сите тогај се пробија, се пробија, куртулија, другар Пецо ни погина – фашистите го фатија, главата му пресекоа, долу село ја снесоа, долу село во Габровник, во Габровник на средсело.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Ни пресековте нам од косите, му пресековте и нему, ги врзавте, и со нив ни стркнавте по главите света водица за да се сакаме, да се љубиме.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тоа исчекување како да внесе промени во нив, како да започнаа да стануваат подруги; не се расправаа, не се караа како порано за секакви и секојдневни работи: кој кому му пресекол дрво во забранот, кој во чија ливада пуштил добиток да пасе, кој кому му направил штета во нивата, чија кокошка снесла јајца во туѓа плевна, или претала во вртот, та била заклана, кој кому на славите и свадбите му опцул мајка, го плукнал или удрил; кој во чија жена зрчел и ја задевал; кој кого го поткажал на џандарите дека ја пцуел власта.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)