му (зам.) - преостане (гл.)

Тоа бара попо­ дробно расчленување на нештата, и можеби еден ден ќе се обидам тоа да го објаснам.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Можноста за апсолутниот настан, безосновната основа на иницијативата секогаш му преостанува, секогаш мора да му се надоградува. 4Води ли тоа кон воспоставување на некоја група? 4Поточно, кон некаква “таканаречена” заедница отворена за луѓе кои “сакајќи го тоа”, пристанувајќи на пристапување, заминуваат читајќи и пишувајќи сосема различно од дотогаш.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Да мисли, да мисли, дури и во ова делче од секунда што му преостанува - тоа му беше единствената надеж.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако ги осуетил стратегиите на албанската тајна полиција и ако поради неа нема да го оствари враќањето, ќе му преостане на крајот од полза неговото искуство („таа аскеза...”) во делото кое ќе замисли да го напише подоцна и тоа не друго, сигурно погодувате, туку романот Атеистичкиот музеј.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не знаеше што му преостанува: да се тресне од земја или да се врати во смоларата, меѓу стеблата и развлечените песни.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На детето не му преостанува ништо друго освен, да ја внесе играта во ходникот.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Најпосле од сите обиди му преостана уште само да го гледа и тој долго го гледаше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Марковски бараше правна помош во смисла на тоа кои правни дејствија треба да ги преземе против отказното решение и како да го оствари своето парично побарување за исплата на неисплатените плати и придонеси.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По ова, тој благовремено поднесе приговор против решението за отказ до УО на фирмата, по кој не беше воопшто постапувано – па не му преостана ништо друго освен да побара судска заштита на своите повредени права.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И, постоеше, како што тоа прилега, шеф.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И, како што тоа прилега, дошефува тој дотаму, што му преостана или самиот да пропадне или канцеларијата да му изгори.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)