Нему му прелетаа низ свеста забележувањата во врска со торбата и некако млако го согледа заклучокот дека сопругата како да излезе со некакво чувство на вина.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
И додека немоќен, престрашен од себе, го пушташе тој грчевит звук да се излие од неговата ништожна, скршена сила, му прелета дека жената, единствената на која ѝ дозволи да ѕирне внатре, зад ѕидот, некогаш му рече дека неговата смеа е гласна воздишка.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
- „Да го видам и да умрам...“ - му прелета низ умот и тој се исправи.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Погледот му прелета по војводите и се вцепи во Никола Карев.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Додека ја смируваше својата лутина, збивајќи го острото сечило во телото на Јурукот, некаква далечна, избледена слика, или одглас на некаков разговор, за миг му прелета низ главата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)