му (зам.) - предаде (гл.)

Одржа една куса реч во која ги пофали потковичаните што се одѕвале на желбите на султанот, (да му се илјада години и севишнот да му ги умножи блаженствата и радостите) за општественоравненство на народите во империјата, ги прими планот и писмото, (покрај парите за такса Максим му тутна и едно навезено кожно ќесе со лири) и испрати по Хаџи Ташку - милум или со сила да го дотераат; рече Измирувањето со тој кодош има пред мои очи да стане.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој, пак, Мустафа ефенди, сиот напернат и сиот облечен во срма и кадифе, и од порано известен од страна на прилепските првенци за намерите на потковичаните да дојдат кај него и да му предадат за султанот писмо и план за ѕидање на црква, општина и училиште и за нивната желба да се измират со Хаџи Ташку, ги дочека силно израдуван.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ја чекале залогорени меѓу смреки и жолто процутени грмушки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Била преморена, нејзиниот од повремено минувал во несигурно трчање - гласник е што и по цена на животот се напнува со последна жиличка да му предаде на таборот на кој му припаѓа со душа претсмртна вест, да го избави од грижи или да го предупреди, битката сѐ уште тече.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа беа Доживувањата на Том Соер.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој за 125 долари ја купи машината за пишување „ремингтон” кога таа се појави 1874-та година. 1875-та Твен стана првиот писател во историјата којшто на *** Lance - копје, англ. (заб. на прев.) Margina #21 [1995] | okno.mk 101 издавачот му предал ракопис отчукан на машина за пишување.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Утре ќе одиш во Струга, ќе однесеш дрва и ќе му предадеш писмо на чичко Талета.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Кога Абулет наместо да му ги донесе потребните пљачки, му предал три илјади таланти, Александар наредил да се фрлат пред коњите Кога коњите не ги пипнале парите, рекол: Еве, каква полза имаме од ова што го донесе?
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
За обезбедување на парично побарување може да се дозволи секоја мерка со која се постигнува целта на таквото обезбедување, а особено: (а) забрана на должникот да располага со подвижни предмети, како и чување на тие предмети; (б) забрана на должникот да ги отуѓи или оптовари своите недвижности или стварни права кои врз недвижноста се запишани во негова корист, со прибелешка на таа забрана во јавна книга или да ги даде под закуп; (в) забрана на должникот да продава хартии од вредност и удели; (г) забрана на должниковиот должник да му исплати на должникот побарување или да му предаде предмети, како и забрана на должникот да прими предмети, да наплати побарување и да располага со нив и (д) налог на носителот на платен промет на должникот или на трето лице, по налог на должникот, да не дозволи од должниковите сметки исплата на паричниот износ за кој е дозволена привремена мерка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во постапката за обезбедување судот може да определи само едно од средствата определени со овој или друг закон (чл. 9, ЗОП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)