му (зам.) - почне (гл.)

Така преку цел ден, така утре, задутре, цела недела... Мајка му почна да мисли нешто. Три тегли мармалад се испразнија.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Денот му почна наопаку.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Кога видоа дека Илчо секој момент ќе заплаче и баба му и татко му почнаа да го тешат и да му ветуваат дека ќе му купат друга санка, уште утре.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Мајка му и татко му почнаа кафето да го пијат мешано, пола-пола со наут, оти и кафе тешко се наоѓаше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Освен на занаетот, татко му почна да го подучува и на старите закони и книги кога наполни пет години.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тој, волкот, има свој празник, во февруари му почнува свадбата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Сега си веќе поголем и можеме со тебе да зборуваме - татко му почна прв.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Мајка му почна да ги крши прстите и да плаче.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Баба му почна да го прави она што ќе ѝ речеше тој.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Жена му почна брзо да зборува.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)