Со погледот му потврди дека неговиот последен долг е измирен.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
А еден му потврди на Трајка: – Зеде, Трајко, зеде. Сите бегови зедоа по една – две-три, та дури кадијата зеде едно гулапче.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
„*Сега јас ја преземам работата*“, рече Хрисостом. Карер му потврди на владиката. Утредента, скудната декемвриска сончевина го затече владиката пред штабот на Беренц.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И, додека Зоки го стега Мечето до своите гради, тоа кима со разнишаната глава, како да му потврдува.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Соколе не може да зборне, му потврдува само со глава.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Му нареди на свештеникот што го придружуваше да остане долу, а самиот тој со лесен чекор се искачи по скалите и тропна на вратата што му ја отвори самиот Беренц. „Еминенцијо - му рече, донекаде изненаден, есесовецот на владиката - на што ја должам оваа чест?“
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)