му (зам.) - поставува (гл.)

Гледала во празното, му поставувала прашања на празното, му давала одговори на празното; насекаде во тоа отсуство околу неа бил присутен Макс.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нивно вистинско оружје беше безмилосното сослушување што продолжуваше со часови; го сплеткуваа, му поставуваа стапици, искривоколчуваа сѐ што рекол, го уверуваа на секој чекор дека лаже и дека е противречен, сѐ додека не почнеше да вика колку од срам, толку и од нервна премореност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не помислуваше повеќе на можноста дека таа му поставува некаква стапица.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас знаев дека борбата на Добрата Душичка против бесмислата со помош на најбесмисленото нешто – разговорот со празното - значеше да ѝ се даде смисла на бесмислата; светот отсекогаш бил полн со луѓе кои се гледаат очи в очи и водат празни разговори.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)