Декарт му посветува цел еден есеј, неговата Расправа за методот, на прашањето за вистинскиот метод.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Целиот Беконов Нов Органон се врти околу прашањето за најдобрите процедури за мислење.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Нагласувањето на методологијата е исто така централно за Дерида.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Паметувањето на тоа родство, тој произлез и тие интереси го натеруваат секој член од некој народ да се одрече од некои свои права и интереси за да му посвети дел од своите сили на општото добро.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Камилски постојано се сеќаваше на букинистот Деба, од кејот Малаке, на кој Анатол Франс му посвети неколку бесмртни редови.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој помисли на ќерпичот во својата Историја на Балканот низ падовите на империите да му посвети посебно место.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во Минеаполис, Вокеровиот уметнички центар штотуку откупи група од 437 Бојсови асемблажи, графики и објекти коишто претходно беа сопственост на двајца германски колекционери Алфред и Мери Греисингер.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Откако планираната изложба ќе ја заврши својата обиколка, Вокеровиот центар на Бојс ќе му посвети перманентна галерија - прва во кој и да е американски музеј.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Ми беше смешен мојот вчерашен конфликт со Фискултурецот; просто не можев да сфатам колку сум бил глупав што воопшто сум му посветил некакво внимание на тој конфликт.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Штом Бојан му посветува такво внимание, значи не се работи за обичен, бескорисен трн.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
ДА - МАКЕДОНИЈА ВО ЈУГОСЛОВЕНСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НЕ - ОБЕДИНЕТА, НЕЗАВИСНА И САМОСТОЈНА МАКЕДОНИЈА Парцијалните извештаи од раководителите на британските воени мисии за политичките ставови на македонските политички и воени раководители, како што видовме, ја подигнале мобилноста на британскиот политички естаблишмент.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Со еден збор, Стејт департментот со ништо не бил заинтересиран за да му посвети поголемо внимание на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Веќе немало никакво сомневање дека британскиот политички естаблишмент ќе треба да му посвети посебно внимание на сега активираното и за нив познато "македонско прашање" од историјата, кое сега преминало во повисок стадиум како "македонско национално прашање", поради што претставувало реална опасност за нарушување на британските интереси на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тој се пренесе за миг на некоја од незапишаните страница на својата Историја на Балканот низ падовите на империите, за да си го постави прашањето на коешто, подоцна, имаше намера да му посвети едно цело поглавје во книгата – зошто Балканците, кога не се начисто со историјата, со нејзината моќ да ги совладува, и во својата немоќ да ѝ се спротивставуваат, лесно им се препуштаат на легендите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)