Грета: Чека на маж ти да му помине година па тебе ќе те земе!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Кога сега би имал деца нема да знаат каков си бил кога си имал коса!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Сите велеа - ќе му помине, ама не дорекоа што.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Единствено нешто на што се сеќавам беше Arcade, но и тој изгледаше како времето да му поминало, а друг магазин што би можел да го замени, немаше.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
„Ме отпишале“ - му помина низ главата горчлива мисла. Смееше ли да помисли такво нешто?
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Од некаде, како од бескрајност, допира до него нешто пријатно, некаква топлинка, како топло ветренце му поминува преку лицето.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Брзо му помина лутината и сонливоста.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Низ главата му поминаа сите приказни што ги слушал.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Логотетот сосема се беше задлабочил во записот, и одеднаш, ведра сенка му помина на намуртеното чело и се разлеа како озарение по целото лице: „Вадар е вода“, рече и самиот несвесен што рекол.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Дедото одеше на риби, но не за да фати риба, туку да му поминува времето.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Притоа по лицето му помина отсјај од разгорен оган, во очите му забележав црвена точка како отвор на цевка од револвер.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Го полазаа морници Сликарот. Студен налив му помина по грбот, по `рбетот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Како воопшто и да го немало сето тоа изгубено време на еден живот – цели триесет и некоја година од неговото постоење сега во главата му поминуваат само како испресечени далечни слики.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Сети како онаа лутина од пред малку полека му поминува и повторно се поднасмевна, без да се почувствува виновен што не успеал да ја спречи воопшто и да се појави.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Таа свирка му помина некако замаглено и цело време погледнуваше во тапанарот, оти му се чинеше дека тапанот се слуша погласно отколку што треба.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Набргу во таа негова увиснатост почна да се раѓа и една своеглава непослушност на неговото тело, која не можеше да му помине незабележана ни во нејзиниот зародиш и од која сега можеше сѐ потешко да се бега.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
На Змејко не можеа да му поминат незабележано сите оние скришни мигнувања и кусите загрижени разговори меѓу тој извишен младич и неколцина од луѓето со сините комбинезони, од кои што тој навистина ниеднаш не успеа да дофати ниеден збор, но сосема добро ја гледаше таа игра меѓу масите на своето дуќанче.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во мислите Арсо го изучува неговото лице со продорен поглед и нешто, налик на страв, му поминува во крвта.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Ако му помине од благата вода, си мислам, значи не е ништо. Го заболело мешето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Само да му помине срамот, велеа и ќе се врати. Зборови човечки.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се чу дека куршумот му поминал некаде низ градите и ништо не му скинал. Како да бил негов роднина.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Само да му помине срамот, велеа, и ќе се врати.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се исправи, се отвори небото, му помина. Не му била долга лутината.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се колнам, болките го напуштија ѕвонарот, му помина болот, оздраве.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Тој забрза, сакаше да премине кон десниот хангар, а јас уште еднаш викнав: Стој!
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Тој почна да се накашлува да му помине време, а јас по трет пат: Стој, пукам!
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
На Винстон му помина низ главата дека ова е првпат во животот како гледа, со знаење, во член на Полицијата на мислите.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Бодеж од страв му помина низ телото.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Уште додека разговараше со О'Брајан, кога го сфати значењето на неговите зборови, низ телото му поминаа ладни морници.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во истиот момент топол бран од олеснување му помина низ снагата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Низ умот дури му помина мислата дека таа е можеби агент на Полицијата на мислите.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Некој од нашите бегови туку ќе нареди да се удри по ѓаурите, колку за да му помине лутината од нешто друго.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ја советуваше мајка му за да не му се влоши повеќе состојбата, да му дава слики од татко му да ги гледа, а добро е и Методија одвреме-навреме да навраќа сè додека на Бигуле не му помине депресијата и сфати дека татко му не е жив.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Можеби потоа ќе му помине. (На својот маж.) Ти мене во последно време некако непријатно ме изненадуваш и не ми се допаѓаш, Пол.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Ако тој тогаш се обиде да изврши атентат врз вас поради твојата среќа со мажот, тогаш во овој случај ќе му помине таквата желба.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Се позами, се позачешла — колку да му помине апешот во главата — и си ја зеде торбичката велејќи си сам за себе: — Требе порано да се оди, оти литургијата трае два саати (ако не ги прескокне половината молитви, што си имаше обичај), утреното еден, а после . . . ете има три четири кршчења, секое по черек саат, некој и друг парастас .. . денеска ќе се има баја работичка, — и пак си промрмори, навраќајќи долу Катината улица: — Нека даде господ, нека даде: кршчење, венчање, венчање, па и умирање!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
V Танаил каменоделкачот, работејќи долги години на својот занает, ги познаваше камењата во детали, на секој камен што го обработуваше му ја знаеше душата; ќе го пофатеше, ќе го испревртеше со рацете или со лостот, ќе го потчукнеше со чеканот неколку пати од сите страни, како железничарот што ги проверува тркалата на возот дали се пукнати, и ќе узнаеше какво му е срцето: здраво или не; ќе му биде ли верен до крајот на обработката или ќе му откаже на полпат; ретко му се случуваше да се излаже, да го делка некој камен, да го дотерува, да го обликува со денови, со недели, а често и со месеци - и на крајот да му пукне, да му расипе сѐ; а кога ќе му се случеше понекогаш тоа, - Танаил го фрлаше чеканот и глетото и налутено седнуваше крај каменот, неверувајќи дека навистина му откажал, распукал; врвеше со прстот преку пукнатината како преку рана, како преку болка; стоеше така долго време загледан во пукнатината и сиот ифрит, јад, не земаше веднаш друг камен да работи; ќе испушеше цигара, ќе се напиеше чашка-две ракија, и откако ќе му поминеше маката и лутината, започнуваше да одбира друг камен вртејќи го долго време пред да го направи првиот удар со чеканот и глетото на него.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
За да му даде малку време на Ренди да му помине лутината, Дејв остана да помогне со опремата, а потоа отиде на по едно пиво со Пастор Рик и некои други.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
- Ќе му помине - и Жолтко уморено одмавна со раката.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- А јас и не сфаќам што треба да му помине на твојот пријател - отсутниот израз на нејзиното лице наеднаш се престори потсмев и презир.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Го слушнав Денко Самоников како ѝ се обраќа на жената: - Јано, ќе му помине и ова.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
На некој му поминал шрапнел низ муцка, Тасе е тука.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Порано верував во бога.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Сѐ што душичката му виде на Трајан, сѐ што му помина преку главата, само тој и коњот го знаат: и шлаканиците од старешините, и мајката и шајката што му ја караа, и душичката в нос што му идеше на тешките вежби и маневри - сето тоа, тој, кутриот коњ, го плаќаше: сиот бес и лутина на него го истураше.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
По неколку дена кога му поминаа болките и синилата по телото што му ги оставија стаповите, Полин пак тргна по мачки.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Низ главата му поминаа секакви мисли.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Низ главата му поминаа секакви глупости.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Низ главата му поминаа најразлични мисли.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
- Значи, сепак, загубениот сум јас! – Се досети Дедо Мраз, па откако раката му помина низ лицето и увиде дека ги нема мустаќите, брадата, побрза да се покрие со шапката, па да праша – Господа, дали нешто видовте на мене?
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
РАЈНА: Боге кашла цел ден. СУЛТАНА: Ќе му помине. РАЈНА: Има треска. СУЛТАНА: Како на кутре.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Секавично му помина низ главата помислата дека човеков или е влечен по скалите надолу или просто е турнат со што бил докусурен.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Сакаше прво да му помине малаксаноста што му го обзеде целото тело и правеше да чувствува слабост во колената.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Не знае човек како да се опули, од кај ќе му помине стравот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Нѐ втасува Андреја Тарковски и ни вели: — Му помина стравот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Рафалот беше му поминал преку целата слабина зад мене.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Дедото одеше на риби, но не за да фати риба, туку да му поминува времето.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
По лицето му помина темна сенка.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)