му (зам.) - покажува (гл.)

Му пуштаа магнетофонски снимки, му покажуваа фотографии. На некои од нив беа Џулија и тој. Да, дури и...
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Учителот не ги распушташе, туку наставата ја држеше по куќи: одеше кај секој ученик дома и му покажуваше што треба да научи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тој се смееше на нејзините досетки, ја вртеше чашата низ раката и одвреме-навреме му покажуваше на шанкерот да дополни.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
ТЕОДОС: Не! Само тоа не, па макар уште едно мое лозје
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: Е, тогаш и кумството е — свршена работа: в недела на крштавање „Кажи, куме, име“. (Му покажува со движење како ќе го носи и држи на раце бебето.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Се вѕирав преку долот и ја кревав раката таму преку, како да имаше некој присутен кому му покажувам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
РИСТАЌИ: (му покажува бокс со раката на Илија).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Над него господарело нешто посилно од разумот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Прстот на судбината му покажувал по која врвица да чекори? Можеби. Кој го знаел тоа!
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Грифонот, од своја страна, просто како да му покажуваше и докажуваше дека е суштество коешто не само што нема да му пречи, туку како веќе и да му ги пополнува празнините на денот со кои човек на негови години неизбежно се соочува.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
- Зоки, ова е штрк, - му покажува мама. - Штрк, - повторува Зоки.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Овие козји суштества, со чија свест како да беше слеан, му покажуваат дека не знаат за безнадежност. Од нив црпеше сили да истрае...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Овде? му покажуваше на чичко Илјо девојката од неговите писма и не го тргнуваше прстот од зеленото катче на макетата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Таа непогрешливо му покажуваше каде демнеа опасностите, каде му се подготвуваа стапиците.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)