му (зам.) - покаже (гл.)

Маргина 37 113 Бабата: Тоа му беше паметно, Џеки и онака беше дртав!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Биди жива и ќе видиш колкави муда тој ќе му покаже на светот!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Татко ми, без да сака, го прекина кога му покажа една друга слика на која коза лулее детенце во колепка, крај мајката истоштена од куќните работи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој му покажа на козарот нови и стари книги за Калето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Имено, влегол некој човек во стоковната куќа ЦУМ, во одделението за машка конфекција, па го замолил продавачот да му покаже едно палто што одговара за него.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
3. На другиот ден Гога дојде пред берберницата заедно со Крстета, студент по филозофија, на кого му вети да му покаже еден занимлив човечец.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Амико, еве, донесаре, - му покажа на торбата што ја држеше в рака.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Крлеж! Јас ќе му покажам ... му мавна со рака да дојде.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но Коле му рече: - Фишекларе, фишекларе ио сакаре, - му рече и извади еден од џебот за да му покаже.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Може и обратно, се разбира – секоја умирачка во Венеција да се смета за нов почеток.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Да му покаже дека сепак се врти тркалото на среќата и низ кикот да му рече: Ај, нека е за арно крај реката Арно во Пиза.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ако се разбудев порано тоа утро во Венеција и ако го фатев првото вапорето, тогаш ѓоа ќе го видев Шекспир како окапува броејќи ги вековите на плоштадот Свети Марко – чекај да намине некој поасолен млетачки трговец, чекај да го отворат кафето Флориан, па чекај уште во него да намине Томас Ман, па заедно да го презираат оној Езра Паунд, ем да го презираат ем да го ценат, и најнакрај на Осја Бродски да му покажат како зиме целиот град може да се обвитка со едно ќебе, иако овој ги прашуваше нешто сосема трето – со кој брод тој, Бродски, може да стаса до островот Сан Микеле, оти беше чул од некој шерет Бродски, дека убавината е најтешка на Сан Микеле, потешка и од дождовите што севезден им ги стежнуваат соништата на стаклодувачите од Мурано.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Патем и ќе си купи шило за кога ќе се врати да го боцне ѓаволот на незгодно место.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Како и Sanda, Ota верува дека „МОТ треба да му покаже на светот сопствен стандард.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
МАРА: (му покажува да седне на миндерот).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Софроние му се поклони дури додолу до земјата, а кога се исправи, виде дека султанот со рака го повикува кај себе и му покажува место кај да седне - на килимот веднаш спроти него.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Гледај, му вели Јосиф и со рака му покажува натаму, накај населбата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
-Можев и самата да се одвлечкам до тоа место, но кому ќе му покажев каде да копа ако не те поведев?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Малку потоа, веројатно за да ми се приближи, додаде како да се шегува: -А можеби ми се посакало уште еднаш да прошетаме.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сега, нанишанети кон Даниел, со нежен прекар му покажаа дека безволно му ја полни повторно чашката.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Би требало да внимаваат што прават, вистината е на наша страна.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Со восхит и нова надеж го напуштаме овој состанок, на кој овластените ѕвезди на нашиот PEN, тие мајстори на вдахновениот консензус, му покажаа на Енценсбергер дека Запад површински размислува, а дека Србите длабински си вообразуваат.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тој молчеше додека таа не му покажа еден земјен пат кој водеше кон мочуриштето.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Едно утро, Нуне Волта побарал прием кај командантот и вака му рекол: - Јас друже команданте, можам на вас и на моите другари соборци и на нашите непријатели да му покажам и докажам што можит поезијата, што можит поетската реч.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тоа ќе биде третата голема револуција во човековото поимање на светот и себеси, по онаа на Коперник и Дарвин: Коперник му покажа на човечкиот род дека не е центар на универзумот, Дарвин му покажа – дека не потекнува од Бог туку од мајмун, а јас – дека човекот не е она што мисли дека е.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не, Тој само му покажа дека во себе со години ја носел таа мачна жед за пишување, а не умеел да ја засити.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се сети дека треба да пука, но не знаеше кон каде.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Само за миг се гледаше себеси во иднината, како некој невидлив Дикенсонов дух на идниот Божик да му покажал како може да биде...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не гледаше што му покажува раката.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Затрепка неколкупати, како зацрвенетите капаци да му тежеа над очите, и со раката му покажа да го симне најгорниот слој од униформата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во неговите неми инструкции имаше некој толку силен авторитет што дојденецот воопшто не се замисли, туку по некој послушен автоматизам, со тешки и спори движења почна да го симнува ременот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Градите го болеа од гнев, му гореа како фурна додека ги кинеше материјалите што дотогаш ги собираше – копии од поранешните устави на Република Македонија, анализи на политичката состојба од 1992 година наваму, податоци од вонредниот попис на населението и домаќинствата во 1994 година, сета онаа хартија што требаше некому (а кому ли?!) да му покаже дека она што се случува во земјата нема никаква реална причина освен нечија жед за територии.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Има луѓе што умираат праведни, има луѓе што умираат грешни”, им велеше попот: ”на праведните смртта им се јавува весела, а на грешните намуртена, страшна, лоша; луѓето се страшат од неа и затоа пред умирачката си го покриваат лицето со покривка за да не ја гледаат; смртта е како некој мајстор; турли-турли алати има: тесла, пила, секира, глето, клешти, сврдел, копан, затегач, турпија, скоби и многу други алати; најпрвин ќе зафати болниот од прстите да го разглобува со сите тие чешити алати: оди од зглоб до зглоб, и откако ќе го разглоби, почнува жилите да му ги сече, и најпосле ќе почне со секира да го мава по тилот додека не му ја земе душата; кога ќе му ја земе душата - ја носи право кај бога на поклонение, а потоа, еден ангел ќе ја шета душата открај-накрај на небото и открај-накрај на земјата за да ги види сите убавини; ќе ја носи по сите места каде што шетал човекот додека бил жив и ќе му покажува ангелот сѐ што чинел: добро или лошо; на четириесеттите дни ќе го врати човекот кај гробот и ќе му ја покаже мршата негова кај што лежела внатре; по четириесеттите дни, пак ангелот душата ја носи кај бога, и тогаш господ ќе му заповеда на ангелот да ја носи душата во рајот или пеколот; ете, затоа треба на умрените до четириесетте дни да им се пее на гробот и да им се носи задушница; со тие добрини може господ да се смилостиви и да им ги прости гревовите: зашто до четириесетте дни душата не му е пресудена на човека”.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога ѝ ја допре ногата, едно гласно офкање јасно му покажа дека тука нешто не е во ред.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Бол, повторена возможност на заборавениот Лозан Перуника кога ни го викнале да чекори со оние што ја пребарувале густината на леските ни му покажале стражарско место да го демне призрачето на гаќи од кои се мавта учкур како памучна сабја на смешен, потсмешлив или исмеан делија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Предводникот на другата група одел попретпазливо. Сакал нечујно да дојде до работ на шумата и потоа да ги постави луѓето во широка линија - првиот Онисифор и неговите луѓе биле терачи што ја преплашуваат дивината, вториот ловел без возбуда и пресметано можел да демне во заседа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сега Џо ќе му покаже на тој шофер.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
ЕДЕН АРНАУТИН: (му ја става на рамото од Илија раката и го поведува кон зад куќарчето каде му покажува со рака).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Да бев хирург ќе го земев скалпелот в раце и ќе се радував кога тој ќе блеснеше со својата остра, заслепувачка светлина пред да се зарие во месото, во дивото, за да му покаже дека има подива билка и од најдивата болест.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Меѓутоа, привидението било многу високо по раст, имало огромни мустаќи и упатувајќи се по сѐ изгледа кон Обуховскиот мост, наполно исчезнало во ноќниот мрак.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И навистина, еден коломенски позорникар со сопствени очи видел, како што се разјаснило, зад една куќа привидение; но бидејќи по својата природа бил слаб, така што еднаш обично повозрасно прасе, откако излетало од некоја си приватна куќа, го соборило наземи, на громка смеа на кочијаши што стоеле околу него и од коишто тој побарал по еден грош за тутун поради ваквиот подбив,  и така, бидејќи бил слаб тој не посмеал да го запре, туку така си одел по него низ мракот сѐ додека привидението наеднаш не се свртело и, застанувајќи, не прашало: „Сакаш нешто?“ – и му покажало таква тупаница, каква што тешко ќе најдеш меѓу живите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Го бодна коњот со факелот и газејќи ги кучињата, стигна навреме месечината да му покаже како девојката се губи во столбовите на шумата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
А преку ден ќе го излудат децата од селото што носат кучиња да се борат со кучето од Пипиле за да му покажат дека неговото куче не е најсилно во селото како што се фали тој.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Татко природно очекуваше да му покаже книга, но Камилски, со необичен гест, отвори од ѕидот едно вратиче кое беше дел од редот книги, и се покажаа неколку убаво наредени шишиња ракија и вино.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со тоа што Стојан му покажал уште еден логорски налог на татко ми.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Кога стигнаа на брегот, долгокосиот му покажа со прстот кон малата камена куќарка и без поздрав го турна чамецот во езерските води, вешто рипна во неговата шуплина и завесла за назад.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Лицето - череп брзо ги скри рацете зад грб, како да сака да му покаже на целиот свет дека го одбило подарокот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како да сакаше да му покаже колку му е благодарна...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Средбата со Марија, блискоста со неа, со нејзиното семејство, со сите луѓе таму, му покажаа дека овие сфаќања на неговите родители не се оправдани.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
За доказ му покажа една топка коса искубана од Доста и напна да го кандисува да се дели од браќа си.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мајка, откако се поздрави со загрижениот Гури Порадеци, не дочекувајќи го неговото прашање каде е Татко, му покажа со раката дека е горе, со книгите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не плашете се, не сте први што добивате пакет од странство откако Тито му покажа заби на Сталин.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Претседателот на Дисциплинската, подавајќи се напред преку масата, со рака му покажа на Брзакот кон трите столици.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Така ќе му покаже на малиот кога ќе се вратат дома, ако даде господ.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Четниот писар дојде со стол, го намести под знамето каде што му покажа капетанот, го извади моливот и готов за пишување зачека.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
На Љакета му покажа на кое место од левата страна да стои.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Сечи го ти ова, - му покажа Србин на Шишмана, а самиот тој се поткачи зад една буковица каде што местото беше поткренато и на колај за одмавање.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Така ќе му покаже на малиот кога ќе се вратат дома, ако даде господ.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Слепецот, во неговиот приговор, се разбира беше тој а водичот таа, и тоа само затоа зашто го беше повлекла за раката да му покаже еден модел во излогот на големата продавачка куќа!.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Всушност ја следела само својата добра намера; сакала да му покаже на Пачев дека патот на другото време е сместен негде повисоко, а неа ја мачела токму таа тајна: да го пронајде тој пат.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Таа му покажа на едно дете дека по негова волја може да се преправи во сѐ што тоа ќе посака.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И, за да му покаже дека заборавил да му купи подарок, Зоки рече: - Види, стрико, тетка ми го испрати овој жолт балон дури преку пошта!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Почна Зоки да учи да брои. Му покажаа кои се бројките до десет, тој ги повторуваше цел ден и сите помислија дека ги научил.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И Зоки трчаше по собата, го дуваше балонот, пак го испушташе воздухот и пак ја врзуваше грлушката толку занесено, само за да му покаже на стрико си дека ете, тој и без неговиот подарок убаво си поминува и дека нималку не му е криво што ништо не му донел. Ако, нека види!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Денеска тој му покажува како се бои веќе нацртана куќа.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Тогаш ти му покажа сѐ што имаш кај тебе, вклучувајќи ја и онаа огромна слика со умножени шишиња Кока-Кола преку целото платно.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Можев на Александар и во моментот да му покажам како мастилото се растекува, па пак го напишав истиот стих.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Имаше уште долго време до ручекот, дотогаш можев да направам и други експерименти за на крајот сè да му покажам на Александар.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не ти беше тешко да комуницираш со нас, дури ни низ бистриот, цврст појас на „Маасовата” сигурност; му покажа на Хироши совршено мало место за кафе и кифли.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)