Заради маѓијата, уште од раѓањето, Анко го облекуваа во женски алишта, му ја пуштаа косата да му расте долга, му плетеа плетенки, се дружеше и играше со женски деца, и како што растеше - добиваше женски манири, се однесуваше како женско, дури и гласот му стана тенок, женски; се интересираше за плетење, везење, за шиење.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Расплакана Албанка, косите што си ги куби, фалби на Кузман му плете, бидејќи во оваа слава и подвиг ѝ убил можеби маж или дете.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Сега сите добро разбираат дека Максим и Костадин друга и поинаква кошница му плетат на Хаџи Ташку од оваа што им ја продаваат ним овдека.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)