Но Чанга го зеде на заб, ќе му плати еден ден за сево ова.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ги зедов парите од банката, му дадов една сумичка на оној што ме следеше и, конечно, стигнав назад во хотелот да му платам на рецепционерот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Утрото,откако колата била поправена и патниците биле убаво нагостени и почестени, тие сакале да му платат на домаќинот, но тој не сакал да прими ништо.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И повелаше, пашуваше, попуваше, та дури и владикуваше Толе. Се заинати поп Тодор во Градешница и неќе да го венча сина му на сиромашецот Васил Ватралката оти немал да му плати две лири, една за него, една за владиката.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Јас су овде и владика и патрика, — му нареди Толе и му се опули на Брниклијата, кој веднаш рипна и го грабна попот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Наредба ќе беше, му велам, во времето на татка ти, попот божем наш селски, кој го опиваше народот наш со верски заблуди и, згора на тоа, уште и пари ни земаше - имаш-немаш на попот мора да му платиш.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Сопственикот на кафулето не прифати да му платиме за македонскиот чај.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
За возврат, да му плати поголема сума американски долари.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
„Ќе го најдат, ќе му платат“, рече Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Го оставиле само на гаќи. За малку во куќата што не се јагленосале две деца.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Ја вадејте парите на човекот да му платите.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Се собрале сѐ што било машко и се наредиле сите три ќерки од царот; се заповедало од царот да врват, сите пред ќерки му.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
И на Марко тогај му кажа неговата сестра: - Гостите викат уште риба немаш од Охрида, да ги пречекаш убаво.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Цареа ќерка пак му платила на бавчанџијата зијанот за едното две отколку што посакал тој.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Е, вије се кокошки, а јас сум петел: Без петел можат ли кокошки да бидат?!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Дур не му платиле, значи, не им дал вечера. Ете така се тие работи.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Веќе се растураше пазарот, му плативме на анџијата за сеното, а слушаме вика човек. Ќе си одиме, не си одиме, ама нешто како да нѐ натера да појдеме кај човекот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Александар забележа дека луѓето им се тргаат од патот додека поминуваат низ тесните перифериски улици, излегуваат од малите дуќанчиња и ги поздравуваат со благо поклонување, а кога сакаше да му плати на продавачот на ѓевречиња, тој тоа принципиелно го одби.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Сепак, си бил едно време еден богат скржавец кој скроил план како од тој Абернети да извлече лекарско мислење без да му плати.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
СИЛУВАЊЕТО
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Вечеравме, го викна келнерот, Мане му плати и побара една соба за ноќевање.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Татко му повикал вајар и му платил да му ја изваја главата на соседот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Сега агата го викна в дуќан за да му плати, му нарача и шербет и почна да го распрашува и да го исмејува, да му се руга, сметајќи го за глупак. – А така, суреди вас Мариовците кадијата наш, а?
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
И сите ќе му платат на спаијата по оваа скала. Од шест, од осум, од десет, дванајсет — кило.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Односите со поп Спиро од неговото Полчиште не беа баш толку добри, бидејќи тој секогаш кога служеше во манастирот бараше од дедот Сталета да му плати цела бела меџудија, а врз тоа парите од молитви, крштења, пеанини и друта свештени работи не ги оставаше попот на манастирскиот диск, ами си ги прибираше во својот џеб, та дури и литургиите што ги носеа селаните за нафора си ги клаваше во торбата и им ги носеше дома, на попадијата и дечињата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Кога ќе ни дојде на гости, лезетски ќе си се измуабетиме... со тоа што по тој муабет ниту тој знае кога ние ќе му платиме, ниту ние знаеме кога има намера да ја смени заглавената балконска врата.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Не дај боже Јоже да се врати љута е Јованка скупо ќе му плати со пензија мала ја остави сама да трпи за леб и посебна салама Таман се посрав, седнав на пача ми текна на вториот Тито од Псача ги мразев и двата, се сетив сетне го пуштив на цеде Тито Пуенте
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
По овие наводи на пиротехничарот, првостепениот суд на повторното судење, реши Танаил да му плати на Китан 25% од вкупната штета на куќата - колку што експлозиите влијаеле на оштетувањето.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Целото лето и есента што шета Силјан со дуовникот и на ден Митровден си дошле во Прилеп и извадил дуовникот пари да му плати на Силјана ругата, колку што беше погоден.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Ќе му сработи човекот и, се знае, пак нема да му плати данок.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Немаа и одеа да го молат Бошка: - Аман, Бошко, ќе му платиме, само да сака да нѐ почека...
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Таков бил и Луман на кого луѓето до селото под Пелистер му испеале песна што и денеска се пее и го чува споменот за човекот што го заплашил народот и за едни добри луѓе што биле комити ѝ му платиле.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Требаше да им нарача на селаните што треба да му платат на арамијата.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
И радосен, зашто кажува како еден силен арамија, Арнаутин, ги мачел сиромашните селани и како тие, во времето по Хуриетот некаде околу 1909 година, му платиле за сето зло што им го сторил.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Сиромав, окапан, немаше пари да му плати на попот кога ве крштаваше, најпосле и него го закопаа на вересија.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ПОЦКО: Бог да го прости, ама не дај ми, боже, пак таков кум!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)