му (зам.) - пишува (гл.)

Подоцна, во 1919 година, Витгенштајн му пишува од затворот, испраќајќи му копија од расправата во која тврди дека не само што успеал да дефинира „тавтологија”, туку дека ги решил и сите останати проблеми во философијата на логиката за кои расправале заедно.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Расел не ги чекал долго одговорите на овие прашања.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Уште само толку, дека во рамките на своите dummy професии Dr. Ackerman работи во една портландска болница и ако некој сака да му пишува еве ја адресата: 1220 SE 30th Ave., Portland, Oregon 97214. ] “1.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ах, на другава страна му пишува ќерка му.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Жена му пишува за сосем обични работи, дека се здрави, дека е времето врнежливо. Ништо не зборува за пари.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Момченцето гореше од желба да го отвори своето писмо, но не можеше, зашто дедо му беше повеќе од нестрплив да разбере што му пишува доктор Коста.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Иван Гарванов неколку пати му пишувал на Гоце Делчев дека Орце Попјорданов, Коста Кирков и Илија Трчков агитирале во Солун, Кукуш и Велес против Револуционерната организација.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
“На 4 мај - му пишува Стег на Делкасе - се случи во Баница, Серско, значаен судир...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во врска со ова, Стег му пишува на Делкасе: “Судењето... ќе им донесе горко разочарување на оние што очекуваа дека, по истрагата од повеќе од еден месец, ќе се откријат интересни поединости околу врските помеѓу авторите на последните атентати и револуционерните комитети.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
“Овој не е - му пишува Стег на Делкасе - како што бев телеграфирал на амбасадата (во Цариград - б.м.) Бугарин од Ќустендил, туку е Македонец од Кратово...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
На 13.11.1903 год. утрото по разговорите со К.Мисирков и Ст.Јакимов кај него дома во Софија, Е.Спространов му пишува на бугарскиот министер-претседател Р.Петров: „Пишувајќи Ви ги моите лични сфаќања за иднината на мојата татковина Македонија, ги имам предвид големите опасности што се кријат во сепаратистичкото национално движење меѓу еден дел од македонската интелигенција, кое зад себе веќе влече и македонски народни маси, особено во Југозападниот дел на Македонија, со центрите во Охрид, Ресен, Битола и Прилеп”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На 24.11.1903 год., додека Мисирков сѐ уште беше во Софија, Е.Спространов му пишува на бугарскиот министер-претседател Р.Петров: „Независно од тоа како и на ова мое писмо ќе погледнете, должен сум да ги изнесам моите грижи по повод брзото ширење на македонското национално движење, кое не само што ја зафати Македонија, туку наоѓа одзив и овде меѓу македонската емиграција, а најмногу кај интелигенцијата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А што му пишува англискиот министер претседател на кентерберискиот архиепископ за политиката на големите сили во нашите работи: „Учеството на сите сили во разрешувањето на македонското прашање само може да го задржи, наместо да го забрза, неговото разрешување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како што би рекол Маркес, „Нема кој повеќе да му пишува.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Нејзиниот маж беше посебно освежување за нас во собата зашто професорката Душанка му пишуваше цели фермани за тоа што ѝ е потребно: од постелнина со сини облачиња, „младалаче пижамице“, козметика, храна и рецепт за ајвар што треба да го направи сам дома, со двете деца.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Едни ја исклучиле струјата во викендичката во Бестрага, а оној што чита 10 месеци му пишувал киловати по паушал и го задолжил за неверојатна цифра, па извршителот му дошол дома да му наплати со седечката гарнитура и витрината заедно со телевизорот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Му пишувал на својот пријател дека власта што се освојува никогаш доброволно не се напушта, по било која цена!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Му пишуваше: - Чув, брате, си продолжил да ја градиш куќата...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Му пишувам: „Фак оф, бе баџанак, нели гледаш дека возам за Сан Диего...“
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Крај масата каде што пишуваше повикуваше само по еден за да не слушаат другите што му пишува и што мака има - зашто често се случуваше тие што чекаа се тужеа меѓу себе, се расправаа за разни работи, па и на едните им пишуваше дека се во право, и на другите...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Дури утредента, братучедот на татко ми, Илјо, објави дека му се вратила свршеницата, истата онаа Дафе која со години му пишуваше од Ташкент.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Чичко ми не бил суртук и празен шиник. Имал девојка во Ташкент. Затоа сѐ уште не е женет. Таа му пишувала за пиперките и за сѐ друго.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во малите пошти имало малку луѓе, си оделе сите едни на други в гости, небото било многу широко, речиси и не завршувало.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во малите пошти животот бил угоден, му пишувала Аксја.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Му пишуваше на тогашниот министер за култура на Франција, Жак Ланг, да ми биде овозможен двомесечен престој во познатиот француски преведувачки колеџ во Арл, сместен во еден средновековен замок кој некогаш служел како болница, дисперзиран дел од културниот простор Ван Гог.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ми објаснуваше како сака да го закопаат, што да му пишува на надгробната плоча.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)