му (зам.) - открие (гл.)

Едноличен поглед му открива прозорчето, скржава скрка.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Уште Бодлер забележал дека “дрогата на поединецот не му открива ништо што тој не би бил самиот, т.е. тој, поединец. (...) Секој син под дејство на дрога ќе биде вистински син на својот татко”.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Како дете, му откриле белег – ѕвездичка над папокот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Утредента, откако го ловеа, или по една година, не знаеше кога дојде тој час, го посетија двајца болничари и му открија дека челата им се пониски отколку што мислеше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
ТАША - Не му открив на синот со јасни и чисти зборови кој беше татко му, од каде се појави, на каде се упати и каде исчезна?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зарем ќе можев да го задоволам и тоа додатно љубопитство со одговор што ќе беше уште понепотполн и уште понејасен?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но веднаш се прашувам: и да спомнев нешто такво, а притоа уште и да укажев на некоја ситница што можела да се подразбере како патоказ или упатство што води кон тој мој Човек и негов татко, дали немаше да уследи нов порој прашања?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во јануари минатата година му открија дека има рак на простатата во поодмината фаза, така што операцијата не би помогнала.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Јано, да му откријам на твојот нов пријател кој ни го подари тигаров?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тогаш едниот од нив му открил оти и тие забележале дека нешто необично се случува.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И една ношт, како лежал на постељата си, и му открил Бог, и ја видел дека била блаженнаја Теодора у рај, и у дворове прекрасни што биле уготовани от Бога на свјатаго Василиа.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Тому свјатому Григорију му открил всемилостивиј и всеблагиј Бог да покаже тија страшнии двадесет баждарници дјаволскии, — секии православнии христианин да веруе право Христово свјатое евангелие, зашто това показуе правиј пат Божиј.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Но Монсу на свој начин, внатре оваа традиција, претставува нешто ново: тој го открива пејсажот на соништата од онаа страна на нивниот “амблематски” карактер, тој ги опишува “како такви” во нивната чиста алогичност, и тоа главно халуцинаторните соништа, елементите на еден “параноичен” свет кој Дали, на пример, премногу програмски го наметнува.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Погледот во Експлодирачката црква на упатениот гледач му открива и други “маниристички” елементи: синкретизам (во стилот на архитектурата), забрзана перспектива, “стравата” во “убавината”, губењето на крајната фокусна точка во просторот, пиротехниката како “ars parabolica” итн.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)