му (зам.) - отиде (гл.)

Доста ја дочека пролетта и еден убав сечков ден ги опра на реката сите мотаници од нејзината предотина, а на другиот ден зеде дваесетина триесет јајца и му отиде на Колобана на анот и за сите купи пет шест чешити бои.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И кога му соопшти говедарот на дедот Стале, тој си ја зеде патарицата, која беше симбол на неговиот егуменски положај, и му отиде во црквата пред иконата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На Пуловец, на границата, им „удри еден залп" на Србите што бегаа за Грчко и со две три момчиња, свои роднини, слезе до Бешишча и му отиде на поп Илија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Беше му отишле таму, во Тројкрсти, го издемниле едно утро, во раното, додека си ја орал нивата и со стапови му ја здробиле главата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
В сабота ќе му отидеме таму, во Прилеп, и ќе го извикаме јали кај Мустафа ефенди, јали на дуќан кај Тимона, јали во некој ан и ќе му речеме дека било што било, сега сакаме да се измириме.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Белким нема да умриме уште сега, уште сме млади, — одговори Јован и пак умот му отиде во Катето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Младата снаа излезе надвор, ги наполни стомните со вода и се врати назад.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Се облекоа и со баба му отидоа кај вујко Ванчо, а дома остана дедо Петре и ѝ рече на снаата: - Невесто, суреди ја куќата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Томас Хобс можеше да се гризне за јајца у гроб пошо тезата му отиде тајтун.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Знаеше дека татко му отишол рано на работа, но каде се мајка му и сестра му?
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Значи, мајка му и сестра му отишле на пазар.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Но затоа следниот викенд кога тој беше сам дома, јас му отидов на гости три дена.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Кога заклепа, некои го чувме, некои не го чувме, ама брзо-брзо се собравме и му отидовме во манастирот на Петрета Питропот, сега даскалот наш.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Очите му отидоа на определеното место на ѕидот, каде што ја закопа сенката, и го обзеде необично чувство како Рози да стои до него.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Мислата му отиде кај Боб и тој почна да истражува во своето срце и во него не најде омраза или огорченост кон него.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Му отидов таму, седнав на навлаката за раце, го бацив среде ќелавата глава и го прашав, „Не ми докажа:“, му реков.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Песната се викаше „Јас не можам да бидам отсвирена на грамофонот 1”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но не многу потоа јас му отидов на гости и му подарив една плоча со песна што јас ја компонирав.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Та кога дојде таа поголема група гости, додека жена му отиде во кујната да се погрижи за останатото, тој се нафати гостите да ги послужи со пијалак.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Трајче и мајка му отидоа во комшиите.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Евто го одврза магарето и со снаа му отидоа горе кон кошарите.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Утредента му отиде на командирот нивни и се пожали. Имало некој толмач и се разбрале.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Му отиде Тане на самиот ден кога почна да ја гради куќата, кога започнуваше да се прави адетот, кога требаше да се заколи јагнето за курбан.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)