му (зам.) - останува (гл.)

Ваквото нејзино расположение уште повеке го развесели Крстета, кој чекаше некоја кавга или плачка од Анѓа за нанесената навреда, но виде дека и таа е задоволна од поповата постапка, та ни тука не му остануваше некаква тежина на душата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На Долгиот му остануваше уште еден месец до завршувањето на воениот рок.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Седеше таму во ЈАЛ, макајќи со сушито во четвороаголно чинивче со зелен рен, а му остануваше помалку од недела дена живот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тој сакаше да се инаети за да топори пред нас, ама и ние должни не му останувавме.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Му останува да тргне да ги бара, да ги најде и да види што ќе направи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во такви услови, она што му останува на театарот е да се приклучи на сценските изјави кои го доближуваат до ритуалот и игрите во кои доминираат визуелното и звукот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Околу неговото тело се препашуваше една врела обвивка и тој ја гаснеше неа со по една рака од тој пепелав снег; студенината на снегот просто го испечуваше по јазикот и по непцата, а по оној кус миг, додека тој се растопуваше, овозможувајќи ѝ некакво задоволство, во устата пак му остануваше една уште потврда корупка жед.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, полека, во тие непрекинати разговори во вечерите, пред Змејка почна да открива еден сосема нов свет, што за сето време дотогаш му останувал скриен под самата поврвнина на сето она, што тој го знаеше како неменливо и како од бога дадено.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Имаше две несигурни раце, кои просто и не си ги сеќаваше на своите раменици, а здивот му остануваше сѐ повеќе празен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Затвори добро зад себе, зашто тоа му беше сѐ, што му остануваше, а веднаш потоа отиде кон своето легало.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
(Јаков превртува кревети, куфери. Прави лом. Нове поаѓа кон него. Божо го задржува.) Остави го. Ништо друго не му останува.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Во себе пресметувал колку е помлад од покојникот, уште колку му останува да се поживее.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најпосле му седнал над чело. Се чувствувал изморен, Лесново му било предалеку, стравот од умирање лежел на педа од него.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На човек на моја возраст не му останува ништо друго освен да чека, каде и да е“, се обиде да се пошегува свештеникот погледнувајќи го со бистар, прониклив поглед „Освен тоа, сакам да бидам присутен кога нашиот Одисеј ќе се врати на оваа тажна Итака.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во воената поделба на териториите немаше сомнение дека, повикувајќи се на правото стекнато од минатото, Италија ќе ги добие и поранешните венецијански територии над грчките острови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Грдан беше задоволен - и од домашното готвено, и од џепарлакот што му остануваше, а во сопчето и така беше навикнат да биде сам, како што уште се воздржуваше од пушење и од други скапи пороци.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На Гого не му остануваше ништо да му каже, само да си признае во себе дека токму по тоа личи на него, а дали ќе стане како него?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Можеби му остануваше утехата дека и Мојсие не се врати во ветената земја!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Арафат можеше на своето Пирово враќање од егзил да го жртвува последното што му остануваше, својот веќе разорен живот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Минале илјадници, милиони години, човекот и покрај сите тегоби и неволји, му останувал верен на Езерото и на животот во него, на сите животи. На јагулите и на пастрмките. На сунѓерите и на микроорганизмите. На сите животи во храмот на природата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
На Бошка не му остануваше ништо друго освен да се прави дека не слуша.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Бошко падна во нови грижи, но ништо друго не му остануваше. Така мислеше тој.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ниту на Мартина должни не му остануваа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)