му (зам.) - олесни (гл.)

Го примнаа во пансионот и уште истата вечер со покривчето на рамо се пресели од Жиовчеви во Влашкиот ан. Му олесни на душичката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нема промена до нова наредба. На извршување! Воздивна, небаре му олесна.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Му олесна, и сеќавајќи се дека братучед му Шишман со камче погодува гуштер в око, беше сигурен дека е тоа неговиот одговор.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Но тогаш себе си се самоубиваше прво а тој остануваше. (Како што Евридика сама си се вратила во пеколот за да не дочека Орфеј секако да се сврти, за да му олесни.) Љубовта беше скоро мртва.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Дали прекинувањето на плачот, кој може на човек да му олесни, се чинеше поразително или, пак, успешното прекинување на програмата беше вистинска победа?
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Тие, за да му олеснат на народот, му пееја приспивни песни и не му даваа да се разбуди за да не страда.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Таа многу сакаше да разговара со него, да го убеди за својата невиност, да го убеди во тоа, за да му олесни да најде мир.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Толку многу му олесни кога му дојде смената.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не му стана лесно, но му олесни кога го префрлија во логорот за бегалци каде што остана цели шест месеци.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога се најде на улица – му олесни, но сепак нешто душата му ја држеше стегната.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Едо имаше чувство дека телото му олеснува сведувајќи му се на пердув, чиниш сега беше оној момент кога пеперутките би можеле да го понесат својот кршкав лет, а потоа како истото тоа негово тело некаде длабоко одвнатре да му се дроби во ситен песок што се рони.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Многу му олесна што најпосле дојдоа и на овој разговор.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Откако Профим успеа неколку пати да ја премине кришум границата за Албанија и да донесе во селото сол, масло, шеќер и газија, спечали пари и го купи сиот брег; ги израстури меѓите на брегот, ги спои малите парцели во поголеми, испланира кои делови ќе му бидат бавчи, кои лозја, кои дрвја ќе ги исече, а каде нови ќе насади, каде патот ќе го рашири, од каде вода ќе довлечка за сиот брег да го наводнува - зафати да приготвува материјал за да го обгради брегот, да не им дозволи ни на луѓето, ни на селскиот добиток да врви по него без контрола, а и да му олесни еднаш на душата што, ете, сиот брег најпосле ќе го стави в рака.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
На нив да си ја излее сета омраза и со тоа да му олесни на душата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Треба да му олесни на небото, како би можело послободно да дише, а исто треба да се засити жедта на сувата утроба на Земјата, како би можела да го нахрани и освежи и размножи животот на неа.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
На Бошка му олесни.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Да ги испразни сите насобрани зборови, да му олесни.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Има некоја мака што го тера на спиење, што му олеснува во сон...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)