Му облече кошула веднаги опитната жена, риза - пајажина танка.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Наредната година, триесет и осмата, нешто ѝ згрешил на „патридата”, та затоа му ја соблекоа војничката униформа, му облекоа затвореничка.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И нему прво Албанците, а потоа Италијанците му облекле униформи и го пратиле да се бори за татковината.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ѕидниот часовник – предел во кој да ги откриеш тајните лузни на душата; песокта што ги покрива невратените; првата насмевка што се раѓа во крошните; полноќната птица што избега од библијата; прекрасните дождови што патуваат од праискони и чекаат пред портите на пролетта; пеперутките што во својот лет го пишуваат името на мојата татковина; `рѓосаниот меч на воинот; исчезнувањето на зборот; тревата весела како детенце пред да му облечеш кошулка по бањање; ноќта во која исчезнаа светулките и се скрија меѓу цветовите на сината вазна; бесконечните надоаѓања на болката и на огнот,
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Грлото ѝ се стегало - ниту крик, ниту лелек - молчешкум си го изми, си го забриша, му облече сува кошула, му ги крстоса рацете, па седна од десната страна до него.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Му го соблекоа свеченото одело и му облекоа малку поинаква конфекција (со споени ракави, се разбира).
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)