И кога ѝ никнуваа заби нанижавме на конец варена пченица и конецот го обесивме на едно дрво.„Како што раѓа лесно дрвово, така со лесно да му никнат запчињата на девојчево.“
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Нема што, веќе е ергенче, мустаќи му никнуваат!
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
ЗАФИР: Не чини. Побратимот болен лежи, а ние: удри на песни.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)