му (зам.) - недостасува (гл.)

На пример, законски права од осигурување во случај на невработеност, кај нас се: 1) паричен надоместок; 2) подготовка за вработување (обука, преквалификација или доквалификација); 3) право на здравствена заштита, во согласност со прописите за здравствена заштита; 4) право на пензиско и инвалидско осигурување, во согласност со прописите за ПИО на невработено лице корисник на паричен надоместок, на кое му недостасуваат најмногу до пет години пред исполнување услови за стекнување право на старосна пензија – а кое нема 15 години стаж на осигурување, до остварување на овој стаж; и 5) права на инвалидни лица за вработување со поволни услови во согласност со закон (чл. 54, ЗВОСН – неофицијален ПТ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Надоместокот не може да изнесува повеќе од 80 % oд просечната месечна нето-плата по работник во Републиката, објавена за последниот месец (изменет чл. 68, ЗВОСН).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Битно за работниците е да знаат дека некој од правата кои инаку им следуваат по основ на привремена невработеност – тие автоматски ги губат ако добијат „дисциплински отказ“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На невработеното лице кое има над 15 години стаж на осигурување, а на кое му недостасуваат 269 најмногу до пет години пред исполнување на услови за стекнување право на старосна пензија – паричен надоместок му се исплатува до неговото вработување, односно до настапувањето на некои од основите за престанок на правото на паричен надоместок (изменет и дополнет чл. 71, ЗВОСН). 3.  Иако, кај нас, општиот рок на застареност изнесува пет години (в. чл. 360, ЗОО) – сепак, со закон може да се определи и друг [по- долг или пократок] застарен рок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Висината на месечниот паричен надоместок за време на невработе- ност се утврдува врз основа на пресметаните и исплатени плати кај работодавачот, согласно со закон и колективен договор, и изнесува 50% од просечната месечна нето-плата на работникот за последните 24 месеци – за лице кое има право на паричен надоместок до 12 ме- сеци, а 40% – за лице кое има право на паричен надоместок подолго од 12 месеци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Го сакаше зашто ним им ја оставаше радоста, додека грижите и осаменоста ги носеше со себе во кројачкиот дуќан, ја разбираше секогаш, а ја прекоруваше само со поглед, го сакаше зашто сакаше за сѐ да разговара со неа, го сакаше зашто го гледаше колку му недостасува мајка ѝ, а при тоа го гледаше како ги задушува емоциите кои излегуваа само во вид на повремени, несвесни воздишки.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Третата ноќ на Ханука, Шабтај почувствува како да му недостасува воздух и се разбуди среде ноќ.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На луѓето во Париз, на оној обичен работен човек, едно му недостасува - време.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тоа е така затоа што на пантерот „не му недостасува ништо”, дури ни слободата!
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Кулик се надева во своето кучешко тело повторно да го открие загубениот објект на желбата за да ја постигне целоста којашто му недостасува на човекот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
На францускиот превод „manscant“ исто така нешто му недостасува.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Повторувањето на познатото, дури и ако е вистинито, станува помалку возбудливо одошто давањето свој придонес во ученоста.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Гледиштето дека неговите учења радикално прекинуваат со традицијата е едно од оние нешта што го прават Дерида во голема мера дел од неа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Забележете дека на модернистичкиот етос не му недостасува единствено почит; тој исто така позитивно ги вреднува иновациите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ние сме во еден однос на предизвици, заведувања и смрт кон тој свет кој веќе не е никаков свет, затоа што му недостасува осовински центар.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Само едно му недостасува. Тој не го запишува ни часот, ни крајот!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И овие чудни зборови се на татко му на Иван. Ги изрече оној ден кога изгледа замина да се сретне со смртта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Јас го прекинав: - Мислите дека можело да се случи сѐ да било поттикнато од желбата на мајка ми, а тој, командантот се нашол затечен, или му недостасувале сили и умеење да ја избегне нејзината натрапливост?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Еразмо цел ден не се јави ниту се извини, ниту со каков било гест покажа дека таа му недостасува...
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Филип беше нешто посебна расположен и весел. Сигурно сум му недостасувала.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Сето тоа го знаеше, и сепак, звуците ја имаа таа сила да ја раздвижат крвта на осаменикот со пријатна илузија за она што најмногу не му недостасува и за што страдањето вака тешко се поднесува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- „Така си е тоа. Вие сте како и сите ние. Кога ќе помислам дека глупаците тврдат оти на нашево време му недостасува поезија – небаре тоа нема свои надреалисти, свои пророци, свои филмски ѕвезди и диктатори!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Каде ли го чув тоа за поетот кој не можел да сака ниедна жена затоа што во некое друго време ја сретнал Антигона? Тоа ми се допаѓа...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Таа му недостасуваше, нејака и танка, со пена густа коса зад ушите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Дали си помислил некогаш“, рече тој, „оти целата историја на англиската поезија е детерминирана од фактот што на англискиот јазик му недостасуваат рими?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имаше нешто што му недостасуваше: дискреција, воздржаност, еден вид спасоносна глупост.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И листот на кој му недостасуваше твојата јунаштина Мртов им го враќаше на своите корени Гладна за едно колено Двојно што ќе те надвиши.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Сакам да кажам дека на немиот филм му недостасуваа многу малку работи, само природен тон.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Додека минуваше низ ходникот на катот за момент помисли дека му недостасува гласот на Јана! На неговата Јана!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На Привидот што предмалку се јави од преку мостот за жал му недостасуваат такви записи во сетилата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Човекот додатно зеде воздух. Изгледа, му недостасуваше.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Помислив дека му недостасува доволно воздух!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Здржани постапки што не смеат дури ни да потсетат а камо ли да ја употребат онаа толку природна забелешка што многу е присутна во вакви случаи: дека на овој удобен дом му недостасува само уште женска рака.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не му недостасуваат дури ни повремени катарзи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Устата пак ми е преполна со младо сирење набабрени јаболка и зрели црешни и пак ми се чини дека на стариот стрвник сепак му недостасува последниот залак.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)