му (зам.) - намести (гл.)

Си му наместил в село струја си му дал земја, а тој... Ете што ти е наш селанец.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Циљка му погали грбче, му намести разбушавено перје и подигна дланка над ровот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој смолар имаше густа коса со голо теме како некој да му наместил на глава потемнета петодинарка; го гледаше со исти очи како и браќата што го гледаа сега.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)