Им тури ракија во земјините чашки и им наздрави. И тие му наздравија.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Климент Камилски, откако му наздрави на Татко да му биде долг животот и вечни книгите, мигум побара да ја види библиотеката која, всушност, почнуваше од ѕидовите на чардакот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Запре учителот малку како да исчекува одговор од полковниците; тие ги поткренаа главите помислувајќи дека заврши и ги зедоа чашите да му наздрават.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Да му наздравиме и да посакаме таа среќа да трае до крајот на неговиот живот, до крајот на книгите...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Насмеано му наздрави покажувајќи празна уста. „На здравје.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Влегуваат во кафеаната на Јандро, ги запоседнуваат сите маси и столови, се точи, се пие, нарачува Лоте за секого, клокоти и одѕвива кафеаната од песни, од свирки, напнува од викот просторот внатре и, се чини, секој миг ќе пукне како меур; им наздравува Лоте на сите, му наздравуваат тие нему; станува, и мавта со рацете на музиката, и дава знак кај треба посилно, а кај треба потивко да свири, го следат свирачите под такт, го следат луѓето: му се пулат в очи, в уста и ги сливаат гласовите како речни брзаци во една заеничка утока, во една единствена мелодија што се шири полека, плавно.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
А пак од спротивната страна - полковникот на џандармеријата, Мициќ, постојано му тура вино во чашата и му наздравува, како на најблизок...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)