му (зам.) - навлезе (гл.)

Занаетот го научи уште од дете, од татко му, и му навлезе во тајните; во почетокот му беше тешко: раце му се разрануваа од удирањето со чеканот, постојано му беа изврзани со крпи, но со време се извежба така што удираше со чеканот на глетото и без да гледа во него: можеше да разговара, да ја врти главата настрана, да фрли поглед било каде, а чеканот сам, непогрешно да удира на глетото и чивиите.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сега се отвори мало прозорче во хаосот на неговата мисла и таа дозволи танка линија светлина да му навлезе во мислата и тоа предизвика да се сети на отворениот театар што го градеше тој.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ѕидарската работа главно е крени и залепи, а понекогаш кога ѕидарот не внимава, малтерот му навлегува во месото на прстите, му се прават мали дупчиња и низ нив потекува крв.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но, одненадеж го залеа врелина, во главата му навлезе оган.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)