Дури и белото кече му летна нагоре ко глуварче.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ако некој шушне - ќе му летне јазикот!
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Прав си, не еден склаф е земен, и кој не бил откупен му летнала главата од рамената.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Слеп е, глув е, ниту гледа, ниту слуша. Којзнае каде му летнал умот.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
По четириесет дена душата ќе му летне горе и Бог, ако е лицемер, може и до себе да го прими.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Но ти опасноста ја презре, и во пресрет, диво, на болниот му летна знак. . . .
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)