му (зам.) - има (гл.)

Штотуку го отвори учебникот, сѐ уште педантно завиткан со украсната хартија, со која мајка му имаше обичај да ги завиткува неговите книги, почувствува туѓо присуство зад неговата глава.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
„Сигурно му имаат поткажано за Ќосото та ме вика на пеење".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Само нека ме гибне по таа работа, лебами, ич нема да му се, плаша.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Друго време, други луѓе се, - имаше обичај да се теши старецот, свесен, иако незадоволен, дека син му има право.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Можеби никогаш дома не му имаше текнато да испие чашка пред јадење или по јадење.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Телото му имаше затреперено толку многу што себеси се чувствуваше како да е од камен.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Мусли бег нема да го испушти Јована да премине на чифлигот Јаузоски, припратен е по него како по свој, го научи турско писмо, го изучи да свири ут и го изучи да го толкува Коранот и му има повеќе доверба од на синовите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Целата таа ноќ не заспа. Само што ќе го навалеше дремка, едни те исти мисли дека згреши што се обложи, дека згреши што го спомена стрика Анѓела, дека којзнае што ќе излезе сега од сето тоа, дека кога ќе дознаат за тоа Максим и Костадин Дамчески крај нема да му има на срамењето, го штрекнуваа и го седнуваа во постелата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа што е необично со оваа гора е дека расте само по средината на внатрешните падини на Потковицата (сртовите се извишуваат голи; обрастени со високи ридски треви тие се, сѐ до назимо, сточни пасишта, а подножјата нивни, односно подножјата на гората, се ливадско земјиште) туку дека таа на целиот живот во Потковицата, и социјален и духовен, му имаше удредно свој печат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Или ако не тој, тогаш Максим Акиноски, нему сите му имаат чест.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Признај дека така си велеше, другар Даскалов?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А пак на Боге кој знае какви инструкции ѓаволот му давал?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Само неподготвеноста на родителот да ги прифати одговорностите што се создаваат со раѓањето на детето можат да бидат причина за бекство.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И повторно, не избегна да додаде дека нешто такво му имал загатнато Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури и ти, другар Даскалов, сигурно си имаш речено:"Кој знае какви проповеди му има одржано на Ивана оној Боге!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Инаку зошто ќе доаѓаше кога не сум те викнал?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Случај “Темплум”, бројки: до сега “Сорос” на “Темплум” за објавување на триесет (30) книги му има дадено 15 000 ам. долари.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Правеше милијарда мали и големи планови: сакаше да отвори фарма на печурки, оти за тоа, велеше, не треба никаква инвестиција, а во куќата на дедо му имало и онака доволно влага; правеше секакви планови и само мене ми ги покажуваше, а од секој план требаше да произлезат многу, многу пари.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Понекогаш во сонот ќе офнеше, како што офка болен човек, и јас се приближував до него, обидувајќи се да ги разберам зборовите кои ги шепотеше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Му имав речено дека читам додека тој спие, а всушност минував часови загледана во неговиот лик.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Зашто ако не го извршеше тоа што властите му имаа наредено, којзнае што ќе се случеше со него.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Посебно му беше впечатлив стомакот, што непослушно му имаше излезено од панталоните и непристојно му завршуваше негде горе до гушките или барем така мене ми се виде.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
При сѐ што не му скинал куршумот, пак нешто ќе да му имаше расипано.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
АНТИЦА: Тој за мене не е. Ви кажав, дека на тој, јас што го сакам, си му имам дадено збор. (излегува).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И се потсетува на она кога татко му имаше решено да го продаде за да плати некаков долг и кога очите постојано му одеа на него, а душата му ја стегаше жал: го жулкаше, му ја бришеше прашината на стаклото, на кутијата изработена од ореово дрво со разни фигури од билниот и животинскиот свет: цветови, плодови, животни, птици; бројките и стрелките позлатени на таблата порцеланска, а крај секоја бројка нацртани зодијаци и други небесни знаци.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Но нешто мораше да се работи и беше пресреќен што син му има каква – таква работа.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
„Ќе се сретнеме на место на кое нема темнина“, му имаше речено О'Брајан.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Подоцна, тој пак замина назад во манастирот, но веќе со мајка му имаше редовно допишување.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Треба да се уреди гробот. На Методија му имав предложено да го преземе неговото уредувањето.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Жена му на Мил одвај чекаше да го земе господ, да ѝ се тргне од пред очи, да се спаси од него; му имаше приготвено и покров за умирање и риза со која ќе му ги врзе вилиците да не му зјапи устата и петел што ќе го заколе и ќе му ја стави главата во гробот како курбан за да не повлече друг од фамилијата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Никогаш не му имаше кажано на Татко што носеше во двојното дно на својот куфер.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Отта­му имаме најдобра глетка кон непријателот!“
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во грлото му имаше застанато нешто што не можеше ниту да го голтне ниту да го искашла и да го плукне.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Како да заврши,тој требаше да има некого кој му има бидено голем душман, некој катиљ човек.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Татко му имаше обичај да вели, пуљи си работа!
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Како Господ да му имаше дадено сè што му треба.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Како да постоеше некоја приватна спогодба меѓу неа и Сврделот, таа како да му имаше речено, Добро, јас ќе те покривам пред власта колку што можам, но ти мене Германецот да не ми го гибаш!
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Најнапред го здогледа својот сосед Н.С. долу во лозјето токму кај онаа лозница за која одамна му има речено дека за година- две ќе почне да раѓа грозје без семки.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Неколку пати му имав речено: "Мислам оти најмногу се плашиш да се храниш со вистината!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Знаеше дека сестра му има пари, но никако не можеше да дојде до нив: испретури сè низ куќата, сè каде што претпоставуваше дека ги крие, но не можеше да ги најде.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Додека не стигне до трисобниот комфорен стан на најгорниот кат, жена му има време уште еднаш стравствено да се прилепи до телото на младиот љубовник, да го турне во лифтот, да се врати во станот и да чека две минути, три.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Та ти се испијанив... И еве уште ме држи... А чекај, жено!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Не најдов муштерија, та видов не видов, ја однесов маста кај трговецот што му имам за давање.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Знаете оној - уште татко му имаше окоравени очи кон нашата ливада.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Нему од сè најмногу му се допаѓа што мајка му има неколку печати со кои удира по некакви документи, и што работниците, кои доаѓаат за да им врачи документите, ѝ се обраќаат со: „Шефице“.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Но кога дојде нејзиниот син сфатив дека се работи за мојот школски другар од Марен, Маренецот, идека мајка му има задача да изигра улога на посредник.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ти реков, сум чул дека Турцине сега пик му имаат на Свети Ѓоргија-Горг.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Другар ми Горан на својот глушец мрзливец му има направено вистинска куќичка, безбедна толку што тој нема шанса да мрдне оттаму.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А ти, сè уште го чуваш во онаа картонска кутија, нели?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не знам што толку мерак му има удрено баш на мојот касетофон, кога си има свој, ама кога е во прашање уцена, постојано го добива.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)