му (зам.) - иде (гл.)

Така - така -така - така, лентата се одвиткува. Му иде да плаче.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во ходникот ги дочека другиот измеќар, поправо измеќарка, младото Кате, шеснаесетгодишно девојче, ќерка на чифчијата — ковачот Стевана, кое Адем го беше прибрал кај себе, ете така, да му ја краси кулата, да ѝ прислужува на каданата и да внесува кафе ракија кога ќе му идеа гости од машки пол.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од тоа жално му стана, му идеше да се расплаче.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Имаше отец Пелазгиј една маана: кога ќе беше притеснет во расправите со параболи, почнуваше да пелтечи и солзи му идеа на очи.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А Писмородецот позелене од злоба, и жолта, горчлива пена на уста му идеше, оти царот зборови многу пофални и сјајни за мене рекол, и сликата ја поставил на вратата од гробницата на својата ќерка, и му наложил на Писмородецот и мене да ме примат во врвниот совет на царот, најумните каде што седеа, со Писмородецот на чело!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тоа беше една пустелија, пред која на Змејко му идеше да се расплаче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Му идеше во телото студенило и од тоа му се ежеше кожата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Му иде да се развика, да проколнува и да пцуе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тогаш му иди да потрча по нив, да зграпчи некое и да го акне од земја, ама не смее.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш, до пред десетина и повеќе години, во лето, и додека сè уште не беа раштркани по градиштата и низ светот, жителите на Потковицата излегуваа да спијат надвор, во дворовите, под отворено небо.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сето тоа во душата на човека налева радосни чувства, но тишината, ох, таа, дебела и напластена, без луѓе, без овчарски свирки и довикувања во гората, без момински одзив преку песни и смеа од градините, од бунарите и чешмите, без думани прав од гојда кои се враќаат од паша по Голем Пат, разбудува помисла за тоа колку многу човек е поводлив, кревок и неотпорен спрема сè она, убаво, што се случува надвор од него, во природата, додека останува беспомошен да влијае на својот сопствен живот - не успева, или не му е дадено, или не му даваат, само да го одреди неговиот ток, па се џари во празно со насолзени очи низ самракот, и му се причинува дека тука некаде, над него и околу него, во воздухот, притаено чукаат срцата на отидените ближни, на самовилите, на легендите и преданијата, на војните и војводите, срцето на животот што беше, што се закоренил некогаш одамна тука и се ископачи, па му иде да отрча на Молитвена Вода, да се плесне пред кладенецот и да нададе глас, не против непревдите што му се сторени лично нему, туку против неправдите што му се сторени и што му се прават воопшто на животот... ...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Му идеше мило дека го молам и со дланките ме милуваше. По темето, по вратот, по лицето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Слушал само некое тркалање на камења, само некое чкртање му идело во ушите од џвакањето на оревите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога ќе го видеа неговите домашни каде што ги прави тие работи, ќе почнеа да плачат гледајќи дека тоа го прави од некое претчувство што му иде смртта и што никогаш веќе не ќе има можност тоа да го чини.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во мислите му идат зборовите на дедо му Аврам, кој често кога ќе дојдеа на нива да работат, ќе му го покажеше местото каде што се родил и ќе му речеше: ”Каде што се родил човек, туку е центарот на светот”.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Стиска со очните капаци на очите и го грчи лицето од болот и тагата што му иде од внатре.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Мирисите не се мешаат, ами секој посебно му иде од кај улицата во која навлегува и спрема цвеќињата што растат во дворовите на куќите.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Не можејќи да најде, му идеше помислата да се врати најпосле дома в село, да заврши со овој скитнички живот што го започнаа со Којо Пипилето, работејќи најпрво како ѕидарски работници во родното село, па и во соседниот град, па во други градови, оддалечувајќи се сѐ повеќе од родното место, како реки што одат во спротивен правец.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Со него заедно плачеше и мајка му и не знаеше што да му направи; му даваше насила да цица, но тој ја отфрлаше брадавицата од устата, ја стегаше устата кога му даваа со сила лајче со чај од тревки; му врзуваа амајлии против урок, нагаза, нави, шенци, клиње, не знаејќи од што му иде лошината; му облекуваа кошулче од немо дете, му ставаа камче во лелејката од пресушена река или поток за да му пресуши плачот; го шетаа од раце на раце тропајќи во тенеќе или бутин за да го ошеметат, но ништо не помагаше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Ах, што да се прави со ова дете, не му иде умот... Не сфаќа...“ Се јадосуваше мајка му.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Седнува на клупата под борот, тоне во мир, во тишина, во спокој и повремено фаќа со слухот разни шумови и гласови што му идат од градината, од патот, од селото, од ледината и шумичките: им го одредува потеклото и далечината и ги селектира задржувајќи ги поинтересните.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во една улица му иде мирис на јасмин каков што Хера го употребуваше во Пансионот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Се буди, се поткрева од перницата и се вслушнува низ прозорецот и му се чини дека и понатаму гласот нивни го слуша што му иде од дворот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И Богдан сега со мака ја поткрева главата од перницата и му иде да го баци.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Му иде да викне, да свирне колку што може, како што тоа го правеше кога беше дете и кога ќе се качеше на нешто високо: дрво, карпа, покрив, брег; да викне и да го разлее гласот на сите страни и сиот простор наоколу да го исполни со својот глас.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сета таа братија беше за плачење, на човека му идеше и срамно и гнасно да ги гледа несреќниците.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Едгар Морен, оваа состојба на месијанска идентификација на вечниот суверен со правото на владеење над судбината на народот, овој вид на делириум во владеењето, го толкува како нарушена психолошка визија на суверенот, блиска до митската интерпретација на власта од страна на вечниот владетел, особено во годините на залезот на животот, кога конечно смета дека власта која ја има му иде од далеку и оти му е доверена од бога и дека само пред него треба да одговара!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Џабе ви чалми, ефендии! му идеше да им довикне. Сѐ се гледа, сѐ е на видело!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Неколку пати се стокми да го напушти селото, да се отсели, но жената и децата не му идеа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Понекогаш на луѓето им изгледаше како да е зелен; го загледуваа да видат од кај му иде бојата: од тревата и зелените крошни на дрвјата или тој така доаѓаше обоен; некогаш им изгледаше темен, црн, особено кога слегуваше од брегот врвејќи преку дувалото.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Никако не му идеше в глава толкава упорност и пожртвуваност, тврдоглавост, како што си велеше самиот во себе. Не можеше да си го објасни фанатизмот на овие луѓе што ги жртвуваа животите заради своите души; заради верата и слободата што ги бранеа по цената на животите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Рука на срце, тешко му иде.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Настојуваше да се смири, но сонот не му идеше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Понекогаш и во сонот му се причинуваше дека куќата гори, стануваше, излегуваше на чардакот, гледаше во дворот, шмркаше со носот и му се чинеше дека му иде миризба на чад, стрчнуваше по скалите во кералот кај добитокот, проверуваше, гледаше дека нема ништо, и пак се враќаше да спие, но не можеше да спие.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Пријателите и роднините, како и селаните кои го поддржуваа Китан, му идеа на честитање на Китан и со веселба прославуваа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Често кога ќе го чуеше татка си да плаче како мало дете и да моли за ракија, нему срцето му се нажалуваше, солзи му идеа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Мир нема селово од него... Постојано му идат пред очи борбите на фронтот и вика, се тркала или со стап удира по вратите од куќите и прозорците и ги крши...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Бараше да се организира лов на мечката, но Жино и Бонети не му идеа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Чекореше Јагулче Дримски, кога му идеа овие мисли, крај реката, гледајќи во водите јагули, предавници, што бегаа кон запад, по тактот на еден од маршевите на победата, потсвирнувајќи, за да си го забрза чекорот, повторувајќи го постојано стихот Уз маршала Тита у нов бој...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во пресрет му идеше колона партизани.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Силјан ги слушал тие зборови од жената си и срцето му се корнеше, од жал што му идеше; арно ама канонот, што бил даден треќата вечер, требало да го трга.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Од тие зборови што ги слушал Силјан штркот, голема жал му идела, што дури сакал да се сам убие или во бунарот да се удави; арно ама душа е мила, пак се попишманил.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И наеднаш пред уште дождот да капне во пресрет му идат и лисјето и земјата и птицата изгубена во жбунот и здивот мој заборавен во тремот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Се разбира, ги спомна пред руменото Розе и народните пари, што понекогаш му идеа на ум а коишто од одредени причини сѐ почесто ги сврзуваше со успешната кариера на Каламатија и неговото големо богатство.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
По очите се познава кога е лут, а кога дремката му иде.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Сѐ што душичката му виде на Трајан, сѐ што му помина преку главата, само тој и коњот го знаат: и шлаканиците од старешините, и мајката и шајката што му ја караа, и душичката в нос што му идеше на тешките вежби и маневри - сето тоа, тој, кутриот коњ, го плаќаше: сиот бес и лутина на него го истураше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Немам време да идам со тебе; имам работа; бројам три товари просо...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога пцовисуваше добитокот, и нему срцето му се корнеше, му идеше да плаче.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога ќе ја видеше да му иде, ќе се покриеше со покривката преку глава и ќе ѝ свикаше: ”Бегај, бегај од мене!
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Му идеше - да ги опомене - ама само ги загледуваше и се згрозуваше.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Му идеше како дете да се расплаче, но се плашеше да не би со тоа да предизвика некоја незгода и за братучедот Србина.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Нему ако му речеш нешто со еден збор – оди или дојди, нему тоа не му беше проблем, ама ако требаше нешто да му објасниш, тогаш тој, најмногу на втората твоја реченица почнува да се тегне – ќе ја крени едната рака над главата а другата ќе ја свитка зад грбот и туку гледаш му иде да се проѕевне и ќе се преоѕевне.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Му иде и тој да се насмее, но нему и насмевката не му е искрена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)