Кога нивната единица, по шестомесечната обука, од Пеќ ја префрлија во Приштина и кога таму уште утредента ги построија за да издвојат дваесетина војници кои ќе бидат испратени на служба во Исток, на Еда му зачука срцето од вознемира можеби како никогаш другпат.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Срцето силно му зачука од возбуда кога до кепенокот на дуќанот за петлици го виде изложеното цвеќе.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- И срцето силно ќе му зачукаше, а по сувото бледо лице ќе му се разлееше одвај забележливо руменило, коешто гавореше за неговата возбуденост и нестивнат копнеж.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)