Телото му затреперува.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Целото тело му се истиснува низ курот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Оди полека и без престанување го отпева опелото и кога дојде до “последное целование”, тогаш му затрепери гласот, чиниш самиот се преголтна...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Срцето му затрепери пред огромната пирамидална форма.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И кога пак не виде ништо таму - усните му затреперија: „Прстенот...“
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Сè се надеваше дека ќе му затрепери таму ликот на Јанка, дека ќе му ја вратат водите убавата мома...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Еднаш, кога разминувајќи се на скелето, пак се жулна, него пак возбуда го обзеде, пак му наудри жештина во главата, пак снагата му затрепери и ѝ рече: „Доста работиме, газдарице...
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Но гледајќи ја војската која ги имаше запоседнато положаите над селото, гледајќи ги војниците кои се врмзлаа низ селото, коморите со јадење и оружје што врвеа низ селото, нивните повремени вежби, одново му затреперија оние со мака залечени нерви, одново му навреа сликите од фронтот, одново го заплусна бранот на сеќавањето: зафати да го витла, да го бреца, да го крши, исполнувајќи го со ужас и зафрлувајќи го да паѓа, да се тркала, да вика.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Така и сега го потпритисна перото меѓу прстите во исчекување, загледан во првите зборови што ги нашиша: ’Вие, Македонци, сте повикани да му припаднете нему, зашто вие сте му мили на Бога...’ Во студенилото на зимата околу него, срцето одеднаш му затрепери од споменот на една далечна топлина...
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Гласот му затрепери разнежено.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Сепак, иако градите му се пони со свежина, иако снегот под него весело крцка, воздухот понекогаш му затреперува пред очите. – на градскиот заробеник потребно му е време да се привикне на слободата – си се потсмева и храбро продолжува натаму.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Брадата му затрепери, се набра, ја повлече долната усна.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Коле се поткрена од клупата и нерешително, збунето, се обиде, од името на сите, да рече нешто: - Учителе... ве молиме - му затреперија усните, а очите му се премрежија со солзеста пајажинка.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Виде: некои куќи ги нема, некои се изградиле или поправиле; виде нови огради на дворовите, нов мост на реката; гумењата сред село си останале онакви какви што ги паметува пред да го напушти селово, каде што се вршеше жито, каде на празници се играше оро; душата му затрепери, се возбуди.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Кога Богуле се качи на автобусот срцето му затрепери од радост.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)