му (зам.) - затреба (гл.)

Изгледа сакаше да покаже со рака, но му се случи да го испушти од меѓу прстите камчето што го имаше за да му се најде ако му затреба.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Под леглото на деда си не ја најде, што би се рекло, само царската круна, инаку добриот старец се што нашол, се што му се нашло в раце, а мислел дека ќе му затреба, го пикнал под одарот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Никогаш не се знае кому и каде ќе му затреба мојата рака.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Атанас Бамбо далеку дури преку сто метри, каде што му беше градината и каде што имаше и едно леше компир со грав по трапјето, ископа голема дупка, три на два, и длабока метро и половина, за да ја полни со вода од водоводот и кога ќе му затреба, да полева.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А има и дрога кога ќе му затреба.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Што уште може да му затреба, зошто му е потребно тоа просветлување? – провокативно праша Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)