му (зам.) - заигра (гл.)

Настана непријатно молчење. Рангеле жедно голтна одеднаш цела чаша, жилите на слепоочниците му заиграа, но темни сенки му легнаа пак на лице и само полека чилеа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во, од горештината раскашавениот мозок, неконтролирано му заиграа зборовите качија, искачија, откачија, поткачија...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Отец Пелазгиј Асикритот пак, навидум спокојно гледаше во Филозофот, но една блага, притворна насмевка му заигра на долната усна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„А Асикрит Пелазгиј има прочитано речиси четири илјади“, додаде и жилата му заигра победоносно на вратот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Окото на месечината како да го позлатуваше неговиот ветропирест танец, а Змејко не можеше да ѝ избега на потсмешката над таа безмисленост, што му заигра во очите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На Висара му заигра срцето, тргна, но се штрекна помислувајќи на Зенула.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Мајчице мила, еве го доаѓа - китка темјанушки ми подава... венче ќе си сплетам... коси ќе ми расплете... самовилски танец ќе му заиграм...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
На душата му олекна, срцето му заигра од радост и со лесни чекори се изгуби некаде во мракот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Срцето му заигра и стрча кон неа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)