му (зам.) - додаде (гл.)

Тие не му додаваат ништо на богатството на светот, затоа што сѐ што произведуваат се употребува за војната, а целта на водењето на една војна секогаш е да се обезбеди подобра позиција за да се поведе друга војна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Модерниот уметник, не баш двоен идиот, ќе му додаде на идиотизмот кој го карактеризира неговиот статус во полето на уметноста една комедија на идиотизмот која ќе го засега како индивидуа, во една иронична, комична или со потрагичен тон обоена пракса.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Оние поединци кои го имаат посетувано училиштето за стравувања и стравотии или пак оние другине кои на панаѓурите навикнале да ги шетаат одаите на ужасите можат да се досетат како се чувствував.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А сонот не му ја мисли многу; зошто да си го арчи времето во објаснувања и додворување; му накалемил на валјакот сајли што ќе му го забрзат одењето, му додал некои нови каиши што ќе го раздвижат, горивото го дотерал така што пламен да фрла наместо чад, а потоа го пушти да ме казни заради необмисленоста на наредбата што ја издадов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ние сме војници, се бориме, нема овци да пасиме. –му додаде Бугаринот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Живот со многу, многу случувања, а сите потсетуваат на утринскиот воз што го истура она селско шаренило кое уште пред да бувне од станицата веќе знае дека треба да се вгнезди и век да векува овде, во градов!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Така пишува и на голематата сообраќајна табла пред влезот во градот кој прво изненадува со големата црква и веднаш потоа со прекрасно уредениот нов плоштад кој на градот му додава дополнителна убавина и привлекува со својата одлично обмислена поставеност.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Да го прикачиме меѓу знаците за наводници како дијалог, и да му додадеме уште нешто, вака: „Било која реченица“, изјави новиот љубовник на Шила на балконот на станот на нејзините родители во Ки Пердид, на Флорида, кадешто младиот пар заедно избега на еден долг пролетен викенд и кадешто во моментов голи се лешкареа на средномартовското претпладневно сонце, „може да ја започне приказната.“
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)