му (зам.) - довикнува (гл.)

А таа му довикнува: - Ване, стани отвори, имам работа!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Што да побарам, и што да понудам? Можев само да му довикнувам, и тоа молчејќи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А уште малку, уште само некој чекор, му довикнува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од кого си побегнал дури таму, најгоре, му довикнува Јосиф.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)