му (зам.) - гледа (гл.)

Таа стана и наеднаш си ја тргна раката од неговата, се заврте да не му гледа во очите и побегна низ малата врата, викајќи: — Доста, доста за сега!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Со научни прашања не сакаат да се занимаваат, но затоа се убави организатори: можат да организираат лотарии, да пропагандираат некоја работа, да организираат некоја вечеринка со добротворна цел, без да му гледаат многу многу оти со неа ќе се оскандалат и себеси и идното поколение од бугарски студенти во Петроград.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Очите уште добро му гледаат, но нозете слабо го служат и затоа се потпира со стап. Дедото се вика Стамен.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Порано се бричеше на неколку дена, потпирајќи го огледалото на ѕидот од бараката во дворот за да му гледа подобро или одеше во берберницата за да ги почувствува барем еднаш неделно нежните прсти на фризерката која го бричеше жулкајќи го по лицето за да провери каде треба уште да помине со бричот или по бричењето да го намачка со мирис и помада.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Михајло чекаше со мустачињата накострешени и со очи кои не можеше сосема да ги насрчи напред, зашто му гледаа едноводруго под ниското чело.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Неговите сини очи (подеднакво необични за Македонец колку и русата коса и брада и неговите метар и деведесет) ја следеа додека таа објаснуваше што му гледа во филџанот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
По оној пат кај него, тој веќе никогаш не побара таа да му гледа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Срнчето уште дишеше. Очите уморно му гледаа некаде преку мене и гаснеа.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
И едното око му гледа на едно, а другото на друго.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не му гледаат на исто обете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Немаше обичај да ги објаснува своите прашања како Марко Марикин и не ги сакаше прикаските од стари времиња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Му реков дека навистина бев зад ридот, тој не можел да не го види тоа зашто секогаш очите му гледаа на сите страни, но дека не знам за кого ме прашува, дека не знам кој е тој зад ридот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По извесно време му се појави и рогливост; левото око почна да му гледа накриво.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Свират врапчињата, свири и Мирче и само цут му гледаш во очите. Се ослободи човекот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)