му (зам.) - врати (гл.)

А баба без да му остане должна, му врати: - Шо рече?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Како на пример дека сака да му вратам некои пари кои му ги должам затоа што ми го уплатил факултетот и слично.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
А овој му враќа: „Е, па свате, старији си, на тебе ти е редот“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не се сврте за да не му даде на старецот можност да му врати.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Вака, тој те тепа, а тебе ти е жал да му вратиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Па јас и досега бев сама, сакам да му вратам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Желбата барем тука да му се осветам, да му вратам за долгите часови самомачење, немоќен бес, додека наведнат над масата или талкајќи од едно до друго кино ве замислувам – мојата Марија во негови раце, во неговата постела, на неговите усни – тој не може, а да не ја осети.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
„Најде мене да ме прашуваш“, му вратив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Пела му враќа чиниш навистина го разбрала неговото прашање Не, навистина никој не дојде со кученце или друго милениче, мајките ги држеа за рачињата како што мене ме држеа мајка Пелагија и баба Перса.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
„Поради тебе се тепав! Љупчо те навреди: - Татко ти не може да купи авто! - рече пред сите другари.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Не вреди да му вратам! - помислив и само лошо го погледнав.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
За таква навреда морав да му вратам.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Да, се тепав!“ бев решил повеќе да не лажам.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- И ти ќе видиш дали ќе те молиме, - му врати Трајанка.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Службеникот учтиво му врати дека никогаш не е ни рано, ни доцна.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)