му (зам.) - влезе (гл.)

Кога ќе му влезеше униформиран човек, се збунуваше, делум и зашто не го знаеше бугарскиот јазик, така што опслужувањето го преземаше мојот постар брат кој поради сето тоа, го напушти школувањето и се предаде на работата на дуќанот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На долниот крај пак му влегле, се гледаат изронети зрна и стапалки.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кога си дојдоа, жена му влезе внатре да пригодува за спиење, а тој остана во дворот. Не може уште да си ја смири возбудата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А ќе даде и некое кафе. Му влегол ѓаволот во умот, ќе пусти две куќи, но нели тие кандисале, оти пак ние да не земеме по некоја и друга лиричка, а?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пред самиот мрак, над илјада души четници и востаници ги исполнија ливадите и направија тркало околу самата чешма.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
14. Како што се очекуваше, бимбашијата му влезе во трагата на Толета уште утрото, по неговото збогување со градевци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Да му влеземе на Чешелка; којзнае дали ќе и најдеме тие пустињи во казанот! — предложи еднаш Мачникот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овој ги фати сите пристапни места кон селата и Толе уште на втората вечер нагази на пусија крај бачилото Манчевско во Бешишкото поле.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од јужната страна ќе се јават стотина востаници да ја разделат силата на аскерот, а од запад Толе со своите четници ќе навлева во селото да му се доближи на конакот и да му влезе на Арсланбеј како пред неколку години што му направи кај Сивета во Старавина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Инаку, мозокот за разлика од другите гениталии има повеќе дупки преку кои можеш да му влезеш.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
- Да бе. - На сите знаеше да им ги реши проблемите, а не можел да ги предвиди лоповите шо ќе му влезат у куќа хахаха.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Знаеш ли што се деси со Матновидецот 2 ? - Додека бил на некој роденден му влегле лопови у куќата.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
1. По технологија, тоа е главно вака: откако ќе се постави претставата, делото по правило го снемува, Режисерот го има во главата, нему не му треба (поправо, тој го има во главата уште пред претставата; а по претставата, воопшто не му треба, заправо му пречи, зашто треба да му влезе во главата друго дело според кое ќе ја прави следната претстава).
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Го бараа по градот целото тоа лето, ниеднаш не му влегоа по трага.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Иако имаше „муцка“ на ловечки пес, никако не можеше да му влезе во трага.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Некој висок да ја подзакачи со глава на влегување и да се искива од правта што ќе му влезе во носот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но зашто и покрај толкуте акања низ гората и полето потерџиите не му влегоа во трагот, го баталија, уверени и уверувајќи го султанот во Цариград дека наскоро ќе му ја испратат главата Владимирова.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Го видел царот и изваил маврамата позлаќена, та му го врзал прсто, изваиле двата баџанаци прстењето позлаќени и му 'и дале на ќелешо.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Се отворил џенгот и царската војска тукуречи ватила да се плаши; во тоа време втасал ќелешот со коњо што лаштеше и туку му влегол на другата војска да сечи со сабјата и сокаци да праит.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Зедовме секири, казми, дикли и му влеговме на дрезгите. Со ред: јас сечи напред, Мирче раскопачувај по мене, а Велика влечкај.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Којзнае какви нечисти сили му влегле, ќе си речам, и ќе слезам да го молам да не се тепа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Господи, си мислам, сигурно студот му влегол в коски и не може да му излезе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Зедовме секири, казми, дикли и му влеговме на дрезгите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе му влезе на човекот в срце и со ладно и горешто ќе го штипе за срцето. Ќе го тресе човекот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Да не му влегла гуштерица в панталони, ќе рече некој или да не голтнал некоја смрдулка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кој беше тој, Јоханес Гризебах, со осквернета рака да ја симне маската и да открие дека зад неа нема никого?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Момчето се засрами: Парацелзус е шарлатан или обичен визионер, а тој, натрапник, му влезе низ врата и го натера сега да признае дека неговите познати магиски вештини се јалови.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Некому морал да му го вади душникот (млад човек, богати, роса), - немало друго чаре, во душникот му влегла круша.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Како да му влегла под кожата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој почна првин да го отпоздравува: потем погледа во небото и рече колку е убав денот: па го праша за домашните и неговото здравје: па за ова, па за она, па најпосле му влезе во писарската одаја и го праша вистина ли е тој толку близок со мутесарифот Абдула-бег како што зборува чаршијата, и не е лошо да знае и за него, му рече, дека церибашата Осман-ага му е брат од чичко, а дервишот пак Керим, сигурно чул за него, му е асли роден брат, од иста мајка и од ист татко, и тој сега живее во маалата на дервишите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тука го препозна Трајка дека тој го удри по глава кога му влегоа во конакот да ја спасуваат Анѓа и уште толку го зацврсти решението него да го осуди на смрт и со тоа да се одмазди за сето она што му го направија Мариовците за овие дваесет и седум години борба. – Што велиш сега, Анѓо?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Изненадувањето беше уште поголемо кога човекот му влезе во очите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Преку зимата му влезе под кожа на отец Арсенија Гледајќи го Сталета, отец Арсенија се гледаше сам себе во своите млади години и му се свиде оваа волја на младото момче да стане како него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А му влегол уште како дете: над челото му излегол израсток, како мало рокче.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
За одредени болни, или грешници што ги лечеше, уште во почетокот им приоѓаше со силен уплав, со шок: ги затвораше во студената ќелија без леб и вода, му ги ставаше нозете во дрвениот штекел да не може да мрда, и по некој ден ќе му пријдеше сосем поинаку: со нежност, со убаво, со благи зборови за да му го смекне срцето, да му го отвори, и на тој начин полесно да му влезе во душата, полесно да го лечи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Трајче го врза Дорча во гумното и со мајка му влегоа во изгорената куќа.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
И притоа качен на коњ и дрвце пијан.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- За кој Господ станува збор! Нели му влезе в црква? Заборави?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Другпат му влегоа низ прозорецот некои големи ѕверки со човечки глави и му велеа нему и на жена му: Каде ни е детето?
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Му влегоа во оној момент кога Полин печеше една мачка.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се обидов со едно друго моливче, но и тоа си играше со мене, па мината цело време му се трошеше кога ќе го допрев до хартијата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- ОСТАВИ МЕ, РАБОТАМ, - остро ми одврати тој кога му влегов во собата, со листовите в рака.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
СТЕВО: Тоа е бабина деветина. Празно верување дека ако некому му влезе влакно во грлото, околу коренот на влакното ќе се створи месо кое не е човечко и кое ќе расте и нарасне толкаво да го угуши човекот.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
- Колку пати сме му влегле, ние од полицијата, на трагата, а никако да го фатиме.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тој парите ги држел во некој ковчег на таванот, а овие, таа Митра и овој Војне наш, ноќе му влегле низ покривот од куќата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ни самиот не верува дека некој му влегол дома.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таму тој, со некоја жена, некоја Митра или Митана,не знам сигурно, арамија како него, да ти му влезат на некому дома преку покривот и да ти му украдат неколку стотини златници што ги имал спечалено во Америка.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Претка, го нагазува, уште малку и в уста ќе му влезе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А можеби се засркна од дождот, си велам, можеби премногу дожд му влезе в уста?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Му влеговме во колата на еден таксист и уште незатворени вратите, му велам: — Вози колку што можеш и не можеш!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Инаку, освен тогаш, секогаш кога ненадејно сум му влегла во собата а тој учел, така и било – си учел човекот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)