му (зам.) - влегува (гл.)

Ќе се измие надве-натри, колку да се порасони, ќе ја заврти косата со еден дрвен чешел, ќе ја позамазни брадата и мустаќите — колку да не му влегуваат во устата, — и, ако не служи литургија, ќе си го наполни големото ѓезве кафе, ќе си го испие сам и ќе ја нарами торбата со „алатите".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кочо сети оти сѐ повеќе се стемнува и како темницата да му влегува в очи.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Често му прескокнува и преку оградата и му влегува во градината и дворот бркајќи мачки кои мјаукаат панично качувајќи се по дрвјата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Танаил со жена му и син му со ифрит во душата гледаа кон куќата од Китан - кои луѓе му влегуваат да му честитаат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Не наоѓа причина зошто некој би му влегувал дома.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Често ноќе, во сонот, му се причинуваше дека некој тајум му влегува во куќата за да му го украде детето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Мртовецот не стигна ни да се присобере, самоубиецот веќе беше скокнал врз него; старецот се сепна и одеднаш осети дека остар, огромен нож му влегува во градите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
-Изроду! - повика тој и јурна кон старецот. -Шпион... Живо ѓубре.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Чанга можеше сѐ да поверува од книгите, ама никако не му влегуваше в глава, тврдењето дека Калето според остатоците на земјанки и колипки е старо четири илјади години.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Илко кога излегуваше од дома, ја закучуваше вратата од одајата за да не му влегува таа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кога бунилиот му помина, и кога татко му не доаѓаше веќе, при секое отворање и затворање на врата за да влезе мајка му внатре да му донесе нешто, тој се поткреваше од креветот причинувајќи му се дека татко му влегува.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И колку што магарето напињаше со главата да се ослободи, толку оглавот сè повеќе го стегаше за гушата и почна да му влегува вода в уста и да се дави.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)