Ако ми успее да го видам прв, мислеше, половината е готов.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Морав да преговарам со трговските патници коишто залудно се обидуваа некому да му го подметнат шкартот што го произведуваше нашиот шеф.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Една вечер не ми успеа ваквиот начин на справување со стравот од лошиот човек.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Ја колнев фамилијата да ми помогне, негде да ми најдат работа, да ги активираат своите врски, еднаш, барем еднаш, да се помачат да ми обезбедат сигурна плата. И ми успеа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ми успеа да активирам програм кој ги обединуваше сите останати.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
И да сакам да ти раскажувам, нема да ми успее да ги најдам вистинските зборови.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
И така, мене ми успеа од третпат и направив само гужва... момците имаа разбирање, па жена сум... и плавуша!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)