А можеби ме имаше и замразено поради работата што мораше да ја извршува изложувајќи се на сите оние неволи.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
А татко ти слушнал кога некој поднапиен Козак, чиновник, се фалел дека има голема љубов во Новодеревјановское.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Впрочем, најдобро е секој да си ја брка својата работа и да не му обраќа внимание на оној, другион, како да ми нашепна натрапникот додека поминував покрај него.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Си помислив: „По какви сѐ свиоци татко ти ќе ме поведе само за да ми нашепне што точно мисли за таа Пелагија што божем се изгубила на не знам која улица на Одеса“. Бидејќи, да се разбереме, Пелагија била убавица.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)