мене (зам.) - ќе (чест.)

Па тие будали без мене ќе го затвораат капакот, си реков и срипав, потрчав, во последен момент се фатив за сандакот, но доживеав нешто нечујно и невидено, во сопствената куќа, со сопствениот мртовечки сандак.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Знам дека луѓето се суетни, прости и алчни, но не сум знаел дека овој проклет свет околу мене ќе се дрзне да ме одгатнува и, уште да смета, дека ме проѕрел?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога дојде на ред за камбана, јас реков, од мене ќе биде, како и бунарот, ќе кажам и за тоа, и самиот отидов дури до Лариса, кај браќата Грегоријади, ја порачав камбаната и се донесе, дури уште не беше ни изградена камбанаријата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Повреденоста во мене ќе го истисне, ќе го отфрли, ќе барам здраво место, тврдо тло, на кое ќе треба да ставам нозе и да застанам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Море, те фатив јас тебе во незнаење, лаик низаеден, тој мене ќе ми докажува работи.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Секогаш бев свесен за своите раце... но, првата работа што на мене ќе ја забележите е мојата кожа.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Луѓето често ми велат дека се свесни колку тие раце се талентирани. често ги држам прекрстени и така.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
ВЕТА: Не зборувај така, Тодоре! Кој мене ќе ме земе!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
За да не му бидеме сомнителни на непријателот, оној што ќе оди со мене ќе треба да биде изврзан, со извртени очи, да кашла, да не може да дише и што ли јас знам.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Јас тоа што го бендиса, дали оно мене ќе ме бендиса? Не е работата само јас да го бендисам, ами сака обата да се бендисаме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Селаните занемеа, а Арслан продолжи: — Сакат царот да знаит, кој беа тие пезевенци некни што нападнаа уќуматот негов и аскерот?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако бидит к'смет да ујдисаме, пак ти мене ќе пречекаш со Катето овдека на кулата, јас ќе бидам ваш гостин, — ѝ се обрна кон девојчето: — А, Кате?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Аха! Не знаете, а? Добро, добро! — Па се провикна кон собраните селани: — Абре ѓаури, ќе прашам сега нешто вас и ако не излажите мене ќе пуштам секој дома.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Баналностите за шпиртоносата симпатија во клупата пред мене ќе ги оставиме за другпат, оти, нели, сета живеачка не е баш за во песна.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Денот кога мене ќе ме нема повеќе, ќе видиме дали возот ќе излезе од шините.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
А сега мене ќе ми послужиш.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Барем ќе научи нешто, па и мене ќе ми каже.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Утре мене ќе ме нема", ќе му рече и сè, сè со ред ќе му раскаже.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Во кое црно да се кријам, која матна мене ќе ми го испере срамот ако на бога не му се тргнам од патот?
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
"Овој зелен чеар мене ќе ми личи со кошулата", рече Брчалото удобно завалувајќи се во зелениот пластичен стол.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Се надевам тој ден на мене ќе личи. На сите светилки во душата што ги носам за нов ден.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Се надевам тој ден на мене ќе личи.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Филозофот се сврте кон мене, ме погледна, и јас знаев дека мене ќе ме одбере за сопатник свој во подвигот што се готвеше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас му реков дека не верувам дека мене ќе ми се укаже такво нешто, оти тоа треба да се заслужи, со чиста душа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Препис учинивме, умножение од тој запис и го решивме“, рече Филозофот (Не ми беше јасно зошто цело време вели „ние“, кога сам се подвигуваше Филозофот, нека му е слава во Станот Небесен, но и мене ме стави до него, не ме заборави, како Господ што рече: „И каде ќе одам јас, таму и слугата мој со мене ќе оди!“).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас немам друго минато освен скудното минато на мајка ми и минатото на таа непозната личност која требало да ми биде татко.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таа не претпоставуваше дека нејзината тајна за мене ќе биде предизвик.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Но не брзаше да објасни што очекува од мене, какви и се намерите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Може мене ќе ми пристуде.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
ЕДЕН СЕЛАНЕЦ: Еве го, ќерко, по мене ќе дојде...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- Тоа и мене ќе ме изморува.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Таму веќе ќе најдеме како да ја исплашиме.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
- Ја позна ли? Ангелија, ќерка ми. Кај мене ќе живее.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Само очите да ги затворам и пред мене ќе се појават лицата на тие луѓе кои со големи, остри, пламени и жешки зборови, преполнети со нескротлива омраза кон непријателите и верба во победата, зборови кои ечеа како рофји и се растураа и растегнуваа како секавици, паѓаа врз нас како громови врз карпи и длабоко се врежуваа во нашите распалени глави, ја јакнеа и крепеа нашата вера и нашиот борбен дух.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тоа понатаму ќе биде уште помалку можно, зашто веројатно и јас ќе дојдам во слична положба, така што можеби мене ќе треба некој да ме растоварува.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Бледа трага, побледа и од старечко постоење, ќе остане да стои и откако мене ќе ме нема, а потоа и таа трага ќе исчезне, заедно со ѕидот, заедно со мојот дом.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ако ме одвоите од дрвово, тоа ќе престане да ме сонува и мене ќе ме снема!“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Една друга девојка понекогаш повторуваше: „Моите соништа имаат листови и гранки, моите соништа имаат стебло и кора, моите соништа имаат цветови и корења…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со усните прилежни за испуштање на душата а не за бакнување ја бакнав таа засушена крвава трага.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со мене ќе се Божјите клучеви, со нив ќе си отклучам“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Од мене ќе остане само писанието изрежано на големата стена од левата страна на пештерата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Проклет да си, пушти ме. Ќе нѐ видат. Утре и мене ќе ме набркаат од селово.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Негде далеку, во лесновската шума можеби, некој нешто викал. Најверојатно некој од дружината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Та, да си го послушав ја татка ми и мајка ми како мене ќе немаше.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Но ајде да бегам од оваа фрка Полиција можеби мене ќе ме брка Вистина е ова ништо не ве лажам Но само сон е право да ви кажам.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
- Можеби Серјожа дома жаби јаде, - одговорив јас штом размислив. 164 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Значи, и мене ќе ми наредите? - Ќе наредам, ако затреба! - извика татко ми и тропна со раката по масата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Никогаш не вели никогаш - ѝ дофрли Томо, - можеби со мене ќе ја имаш таа прилика да го исчекориш тој пат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Тој мене ќе ми плаќа. Што, дека ми е син!?“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Немам сомнеж дека оние што ќе дојдат на сеанса од кај мене ќе заминат со мисла дека не им е погодено.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Арслан бег не го сфати најдобро Дамчета; смеејќи се гласно си ги разоткри намерите: Ќе си најдам, тики ако сите вие ми дадете само по еден филџан сол, мене ќе ми се собере цело буре.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Тие и со мене и без мене ќе се тепаат, ми вели, туку ај да си легнеме, ми вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Подобро ќе го зачуваш и подобро од мене ќе размислуваш над него.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ќе го земам, се согласил, кај мене ќе се вика Апостол, не сум војник, на господа така ќе му е поугодно.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Затоа, не се плашам дека еден ден ќе дотечат води што рамномерно со мене ќе ја следат силината на новата вода. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Имаме толку моменти кои за мене ќе бидат вечност.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Попрво мене ќе ме направат луда.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тој кобен час за мене ќе биде најпосакуваниот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ако не друго, сето ова за мене ќе биде само уште една добра улична школа. Никоја диплома не може да ја замени уличната.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Понекогаш над мене ќе прелеташе галеб или од шамакот ќе се слушнеше шум.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Кај мене ќе ти беше прекрасно, ќе живееше среќно, а не вака: си избегал овде да живееш како пустиник...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Врати се Врати се, ако срцето вели така, кога патот до мене ќе стане предолг, кога копнежот ќе ги разбие сите препреки, на твојата стрпливост.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Ако си решил малку по малку, твојата љубов да ја снемува... ќе ме снемува и мене, дел по дел од мене ќе умира... како ветар ќе минуваш низ мојот живот, и ќе ме однесеш до безживотниот брег, и таму тивко ќе ме снема во бескрајот...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Но тој сепак е пророк, јагуло. Тој моето зло го облака во светечка мантија и знае: еднаш и мене ќе ми треперат рацете.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Штом ќе викнеше чичко Емин таа ќе купеше алва и мене ќе ми дадеше, заедно со лебот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јасно ми беше дека ако ја убиев, истото и мене ќе ме снајдеше, не смеевме никако да убиваме за такви причини.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тука загубив малку од оние убавите мисли што ги имав за животот, ама не бев себична да гледам само како мене ќе ми биде добро.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тогаш јас не можев да поминам преку тоа, ја зедов пушката и без многу размислување за малку ќе ја убиев да не ме спречеа тие странските борци, само реков: А за кого ние се бориме?!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
„Можеби и мене ќе ме приведат по некој ден. Затоа ли ми ја бараш раката?
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ме повлече некоја невидлива сила во играта, некоја таинствена плетка од случајности, некоја самоизмама која за секогаш за мене ќе остане тајна, но ме повлече и ме задави и некој див нагон, нешто ѕверско што секој од нас го носи длабоко во себе, некоја алчност, незаситност.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
А на Марко, блазе си му, место мене ќе има жени колку сака, која од која поубави.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Лена не ја одби мојата молба за разговор, но рече дека можеби за мене ќе било подобро друг пат да разговараме.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- Ајде, бабо мила, крени ја мама... лека полека одете си до домата наша... вратата и дење и ноќе да биде отворена - него да го пречекате... ќе се врати... мене ќе ме бара...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ќе направам еден разбој - и на него моја лика - ти ќе ткаеш, ќе ме гледаш - и за мене ќе сонуваш.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
На врвот на разлистената крошна Врабецот брсти безброј искуства Јас си брстам една вкусна овошка Врабецот не мисли на снагата трошна Ниту на можните латентни зла Мислам помудар од мене ќе е – блазе нему А тој пак може си вели – оваа ќе е без ум! 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
И велам: Еве го Ангелот Се качува на коњот Ќе одлета без мене Ќе одлета без себе Додека Сам Самувам Во самица.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Вашата ташта заради мене ќе ја разбудат.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Пријатна е утринската свежина, главоболката ќе ви помине, вие мене ќе ме испратите...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ти со мене ќе ѓаволуаш, а?“ — и се загледа во главчето на детенцето, небарем бара нешто во ретката суграва коса.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе си го платиш владичкото, две венчании по половина лира, тоа е една и мене ќе ми платиш две венчании по една, тиа се две.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Море, седи, ослепаго, како су чинила измет на ваа куќа толку години дури вие да се жените со браче Илка, ќе чина и сега, токо ние сакаме вие да си се удомите, да си имате друшки како шо си имате, а за измет — ќе чина гајрет дури да потпркне Ѓурѓа ошче некоа и друга година, па после и мене ќе ми се поолесне товарот!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Само така те сакам и те зимам, инаку, кажи ми отворено и јасно: за мене ќе се мажиш или за некој околу мене? — И стана од столчето, се приближи до нејзиното.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Дедот Карабуклија во Рожден лапна половина лира, снаа му — бела меџудија, та белки и мене ќе ми тапосаат некое петле?"
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На поп Петка му одговори на здравоживото ладно, бидејќи одамна се караа по семејни причини, и му го покажа со глава малиот Крчо со неколку зборови: — Еве, го, го доведу, ама гледај да не го нападиш па оти со мене ќе си имаш расправиа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А кога од мојата родна земја до мене ќе допрат приземни вести и гадни трачеви, Џони горчливо резимира: „Много их је и страшно галаме!“.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Добра ноќ и вам кои не сте на број, вам благи, бели жени, бели болки, срни, вам - преселни птици со меки топли крилја, бели жени, вам - две таги со зелени очи, некогаш полни со цвет на маслинка, со илјада сонца, добра ноќ - проклета пијаницо со мртви раце нејаки за нови летови, глуви за акорди, слепи за други Марии, студени за својот бол, добра ноќ, невесел палјачо со истргната нога, удирај со двата месингани таса и исполни ја празнината што остана зад нивната смеа, добра ноќ, добра пакосна ноќ, со која некој во мене ќе сонува нож, некој роден во алкохол по мојата смрт, некој на кого му е името за смеа Добра Ноќ.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тие сигурно полесно од мене ќе ја поднесат неизвесноста на иднината.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- А мене ќе ми дадете ли друго име?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ќе кашка, ќе кашка, а потоа наеднаш, полна уста утешение!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Само вака можам да си го објаснам избегнувањето па дури и заобиколувањето на патеката или улицата по која врвам а пред мене ќе помине црна мачка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И згора на сѐ, како шлаг: „Заборави ме брзо бидејќи, како што велиш и самата во писмото, заборавајќи ме мене ќе заборавиш дека и синчето личело на мене“.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Не, не можам да му верувам на она што ме збунува – му велам на толкувачот на соништата од бараката број три.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
До мене ќе допреше нејзиниот глас преку меѓусобното радио: „Почувствува ли?“ А јас ќе одговорев: „Да, тоа беше тој.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Нумо влезе во бараката каде што спиеше Пандо. Полека помина меѓу заспаните луѓе.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
По години, по многу години врз мене ќе има цел куп камења.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тебе ќе те топли, а мене ќе ми олесни, можеби.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ќе ми се врати и мене ќе ми ја скине главата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Го рече ова и се свлече на подот во Соколаната како испразнета вреќа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Само, кога ќе сакаш да легнеш покрај мене ќе мораш убаво да се измиеш“, рекла Босилка и ги затворила очите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мене ќе ме обесите“, му викна тој на претседателот на судот Груица, „ама оној, главниот, ќе остане и по мене за да ви ги мати работите. Нема да куртулите од него“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Им наредив на другите да запрат, но тие и без мене ќе престанеа.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Имам сто лица, но одразот во огледалото е секогаш празен, лажен, непознат, а имам само една душа која морам да ја пронајдам длабоко во ноќта, кога повторно во мене ќе си најде место осаменоста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Таа добро позната, возвишена, очајнички меланхолична, стара но не излитена, можеби посвежа, спокојна, слободна, горда осаменост.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
На патот пред мојот влез ги видов, заедно со дебелото сестриче.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ми текна дека кога ќе се врати вечерта од работа, татко ми ќе мора да јаде сув и тврд леб, па ќе се буни, а мене ќе ми биде криво.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- И мене ќе ми беше мило до колку имаше брада.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Мене ќе ми веруваат.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
СИМОН: Прво мене ќе ме прашаш дали смее да ти пегла панталони.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
КРИСТИНА: Уште јас останав. Камо мене ќе ме просветлиш?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Вака излегува токму врз мене ќе пукне тиквата.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Јас знам дека и без мене ќе има кој да го чува редот, ама стравот е голем.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Само мене ќе ми купуваа играчки и сладоледи, и само мене ќе ме сакаа тато и мама.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ќе дознае еден ден и тешко мене ќе биде.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Леле, - си помислив, да дојде од некоја страна да ме види, не дај боже, баба ми Санда, тешко мене ќе биде што се дружам со вакви сомнителни типови.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И јас, - рече мајка ми со тивот глас, како да се колеба дали исправно постапила, - му ветив дека романот што го бара од мене ќе го има до крајот на летото.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Леле Ведан, немој те молам, - се исплаши таа, - не ги сакам тепачките, може некој да биде повреден, а ако разбере татком и, тешко мене ќе биде.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
А тој беше гас и гаќи со преседатељо на општината мислеше дека нему никој ништо не му можи и тој, заедно со овој Војнета наш мене ми ги имаше пуштено партизаните да ме убијат зошто сум бил кмет и сетне со нивни ниспет партизаните ме затворија а и уште да можи нешто најлошо тие мене ќе ми го сторат зашто тие сет вногу лоши луѓе ама и овој партизанскио суд што не ет суд туку суди само накодошени луѓе мене мана не можеше да ми најде и ме ослободи ама Трајко Казиловски и Војне мене дрвата не ми ги имаат заборавено и ако им дојде на колај тие мене пак и најлошото ќе ми го направат“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тоа ќе јаде, а мене ќе ми се полни душата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе мјаукне мачка, а мене ќе ми потклекнат колената.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе чујам тропање на чинии, подвикнување на деца, свирење на радио и мене ќе ми се собере срцето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Исус го видов кај чичкото и тој ми рече: - Отсега само мене ќе ме слушаш.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Таков беше договорот, кога ќе го земеме кредитот, мене ќе ми даде дваесет илјади денари, кои ќе му ги враќав секој месец, соодветно на сумата што ми ја дал.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во глава само ми се повторуваа зборовите од видението на ѕидот: - Отсега само мене ќе ме слушаш!
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Устата ми беше сигурно подотворена исто колку и очите, кога ми рече: - Отсега само мене ќе ме слушаш, чедо мое!
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сепак, тоа нешто за мене ќе беше само мачење и ништо повеќе.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Дал' и она, би сакал да знам, рамнодушно мене ќе ме мине? О не, нема!..
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
А, можеби и никогаш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Што е најчудно, не чувствував ни најмалку љубомора, ако си велев, сега тој нека оди, поголем е, и штом нему може да му се оствари таква голема желба, еден ден и мене ќе може. Значи, не е неизводливо.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дали и мене ќе ми “отфикарат” некое казниште како што ѝ се случува на Мила, или ќе минам само со вербални воспитни мерки, како што има обичај да рече татко ми?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Како денес, како ова попладне или патем, кога некоја мисла за мене ќе ти пролетала низ главата?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Можеби некогаш другпат, кога мене ќе ми се пристори дека е време, можеби тогаш ќе ѝ раскажам за него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Неговото заминување го сфатив како голема утеха за мојата лична мака – дека сите некаде во странство биле, само јас не.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се приближив до него љубопитна да видам како од мене ќе направи Индијка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- А, ако сепак одиш – продолжив – вети ми дека и мене ќе ме земеш со себе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Не знам, не сум сигурна – признав – можеби така било.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Оди легни си – ми шепна мајка ми – а јас веднаш ќе дојдам да те заспијам. Ѝ бев благодарна за нејзината нежност, а најмногу од сè што ми рече дека ќе дојде “да ме заспие”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)