мене (зам.) - или (сврз.)

- Да го ослободиме. Од мене или од нас? - И од тебе и од нас. Како сакаш речи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„Качи се пред мене или остани“, ѝ рекол војникот и го привел коњот под брегот на кој девојката стоела.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Како да се качувам пред тебе кога си тргнат да војуваш?“, прашувала таа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Оној што лазел и самиот, разбираш, можел да ме види, мене или друг што личел ноќе на мене, пламнал Гавруш Пребонд.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се обидов да станам. Долго, со напрегање на бубачка, се отплеткував од волнената тежина на покривката и веќе седев кога девојката се сврте на петици, ги стисна дланките на гради и остана загледана во мене или во сенката зад мене.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- И тебе, Гавруше, сум те видел како лазиш на мев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пак истото ја прашав од збор до збор и пак таа остана во тесната рамка на прозорецот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не смеам да се свртам, да видам дали останува нешто зад мене или сѐ е празно.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И тогаш еден стол се скрши. Не знам дали на мене или на него се скрши столот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Чекорите сосема се доближија и некој, и самиот сличен на сенка, помина крај мене или низ мене и ќе и се доближи.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„А и ти ќе умреш ... Час пред мене или по мене. Сеедно.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И јас веќе можев да видам како од една разнина се исправа оживеана изветвеност на некого што бил и останал само сенка и спомен на своето минато, победник на својот пораз, исправен е и ги подава празните ракави кон мене или, доколку сум мртов за него, кон некого од некогашниот свој живот, а во неговата празна утроба се одмотува клопчето на агонијата и го враќа претсмртниот час на тој призрак - ќе му се исповеда мртвиот на животот, ќе не плисне со тајни и ќе не повлече очајни со себе во бездните на невратот, на тоа ништо, на тој измислен акварелен портрет потргнат од есенски дожд.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
До совршенство!? * * * Се прашувам, дали влегле демоните во мене или во него.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сакам да сфатам дали таа деформација потекнува само од мене или за тоа е виновен светот воопшто.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Чувствувам искреност или извештаченост и лицемерие. Знам кога некој мисли лошо за мене или кога некој се чувствува лошо во себе.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Врколачки ме опсервираше жолтеникава присутност во овој мрак што требаше да ме сокрие мене или барем моите намери, чија болскотливост се закануваше да привлече сечие внимание.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
„Ах, глупости! Со кого сакаш да водиш љубов повеќе, со мене или со костур?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
МЕСТО ЕПИЛОГ ПРВА СТРАНИЦА ОД РОМАНОТ ШТО МОЖЕБИ ЌЕ ГО НАПИШАМ
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Кажи ми Ниротакис, кажи ми, те молам, кажи ми, ме ебаваш мене или…” и нешто тогаш ме стегна во градите, и почнав да плачам, и плачев како беспомошно дете крај својата болна и изнемоштена Мајка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Дали сакаше да воспостави барем некаков разговор со мене или повеќе сакал да ја нема куќата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ти кажува ли тоа нешто? Или си ти во мене или јас во Тебе!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
- Вие се препознавте во мене или јас во вас?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Сите луди желби кои сте се плашеле да ги остварите можете да ги изведете пред мене, или на мене, или со мене или јас да ги изведам наместо вас:.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Истрча пред нив, се сврте, пак ги фрли рацете на грбот, ја исфрли левата нога напред, со десната рака си ја стегна и ја истри китката од дената рака и со заискрени очи, му свика на Марка: „Ме слушал ли ти мене или не? Те вика дежурниот офицер!“ натопорено му рече.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Обуката траеше веќе еден месец и сè уште не добивав одговор дали ќе ме примат мене или другото девојче.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Не сум сигурна дали бараше спас во мене или вистински сакаше да бидам со него.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ама, татко ми, дали од што беше претходно лут, не попушташе: - Ме слушаш ти мене или не? – праша. - Те слушам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)