мене (зам.) - навистина (прил.)

Не ги снимивме сите секвенци во челзи, нешто снимивме на Третата Западна улица, кадешто живееја Велветите, нешто во становите на пријателите, нешто во Фектори - но идејата беше дека сите тие луѓе би можеле да бидат станари на еден ист хотел.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во филмот сите го работеа она што секогаш го работат - беа тоа што се... (...) Нико и Лу се скараа. (“Доста ми е од тоа драматично срање, рече, таа навистина изгледа супер на контрасните црно-бели фотки, но мене навистина ми е доста”).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Можеби кај мене навистина е поубаво.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
А кој го застапува дишењето на нас, постарите, ја прашав кога во еден од нејзините интервјуа ја сретнав размислата за нејзиното дишење!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мене навистина ме збунуваат нејзините чудни размислувања и изместените констатации.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Јас го застапувам дишењето на нашиот млад свет, ништо повеќе или помалку!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Борис Стојчев за мене навистина беше само Б. С.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А и рецензиите ги потпишува со истите иницијали.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ја ценам точноста и прибраноста кај луѓето што ме посетуваат, ми објаснуваше тој пред два дена вадејќи ги сите зборови од својата насмевка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Значи, сметајте дека сте на визита кај Роман Гигов Грофот и мене навистина ми е мило дека доаѓате на време.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мене навистина ми беше повеќе од јасно дека смртта на Командантот и лирскиот тенор и понатаму остануваше обвиткана во чудна таинственост.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Можеби кај мене навистина е поубаво.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)