Ти го отвори твоето срце толку широко и ме зема мене засекогаш.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Таа прегратка остана во мене засекогаш.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Еднаш го видов светот, тој преубав, совршен, хармоничен, задоволно го вдишував пријатниот мирис на животот со идиличен крваво црвен и азурно син витраж на појави кои се раѓаат од слаткиот извор на копнежите, надежта и страстите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Не сум далеку од тебе, тоа далечно чукање и не е така нечујно, го чувствувам секогаш кога ќе ме обземе немир, кога за момент ќе застанам, ќе воздивнам и ќе се насмевнам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Дел од мене засекогаш ќе остане осамен, некаде фрлен и отуѓен, без волја да ја пронајде својата подобра хемисвера.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)