Ја пикна раката во појасот и извади едно мало шамивче, го разврзуваше полека, толку полека, што мене веќе трпението ме напушташе, па веднаш викнав: - Дај да ти го одврзам тоа! Што се мачиш!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
А освен тоа, колку да не сакам, колку да ми е тоа одбивно, мене веќе ми се турнати панталоните и само што не сум пристапил.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Пред мене веќе стои еден човек со чекан во едната рака и со срп во другата.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Пред мене веќе Никола Поцо ставил крст на црква, ископал бунар или засадил дрво.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Од некни кога го намерди Адема секоа ноќ не тевтише со стариот, а мене веќе дватри пати Муарем ка ме јаде.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ако бидете послушни, да ризате шо ќе ви нареде Организациата, да ваќаме работа, ако не — да не се земаме на душа еден со друг!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Од овој момент тој за мене веќе не постои и ништо не ме обврзува спрема него, бидејќи тој ја изневери борбата на народот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Е, море, ќе а наметниш, шо ќе правиш.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Поразмислете малку, та за мене веќе се знае.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кој сака чесно да умре за тој излаган и намачен народ, нека повели со мене.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— За мене веќе враќачка нема.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Не ми требаа мене веќе, срање!, прикаски!... Јас бев вакциниран!...
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Уште ни ветре не подувнало, а листот мене веќе ми затреперува...
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Страста кон него кај мене веќе беше сосема изгасната; не ни помислував дека би можела со тој човек, после толку години да се прегрнам, или да водам љубов.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ја бакнував диво по вратот, ја гризев; таа молеше да престанам, да не ја повредувам; ѝ ја зграпчив кошулата и ја повлеков; сите копчиња се разлетаа во темнината и потем, во наредните два-три мига го слушав продолжениот звук на нивното удирање на кејот, како ситен дожд од ориз; на слабата ноќна светлина блеснаа нејзините млади гради, како кај кучка; почнав да ја гризам по целото тело, и одеднаш се најдов со устата врз нејзиниот папок; таа ме удираше со тупаници по главата, велеше дека сѐ е готово после ова, дека сум уништил сѐ, дека сум свиња, дека ќе ме пријави, задолжително ќе ме пријави, дека ќе ме убие, дека Партијата ќе ме убие кога ќе им соопшти, но мене веќе за ништо не ми беше грижа, и јас само го бакнував нејзиниот папок, таа рајска чаша со небесен нектар, тој центар на вселената и почнав да тонам длабоко, да пропаѓам во непознати длабочини;
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„Јан Лудвик“, рече. „Не очекувај од мене веќе ништо. Ти си готов, човеку божји.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Но знам дека одеднаш, кога мене веќе тоа понижување не ми значеше ништо, па дури почна и да ми се допаѓа, тој се исправи и рече: „Готово е. Чашата е празна“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Морам да го најдам центарот на светот, и себеси да се поставам во него, за да не паѓам; во циркусот за мене веќе нема место, од пред некој месец, кога ја изгубив моќта да правам секакви вратоломни ѓаволштини.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
- Ископав доволно широк и длабок гроб без помош од никого...
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Но можеби и разговорот што го водевме со Иван, кога дојде да ме обавести дека мајка му починала, ја разбранува во мене веќе одомената смиреност.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Прости ми, но тоа не може да го стори ниту твојата љубов.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Нема зошто да те помнам – ќе бидам со тебе.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во мене веќе сѐ е мртво. И веќе ништо не може да го врати во мене животот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Мајка ми го чувствуваше тоа, и сега нејзиниот поглед понекогаш ја губеше сигурноста, оној отров кој беше влегол во нишката помеѓу неа и мене веќе не го делевме подеднакво, туку одеше само кон неа, и беше пресилен само за неа, ја задушуваше во нејзината немоќ, ја задушуваше оној зрак среќа кој сѐ почесто ми го огреваше лицето, онаа нијанса на радост што ми го боеше гласот, секогаш кога заедно со брат ми ќе се вратевме дома.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Мене веќе ме нема. Ќе ме помниш ли по добро?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога правевме паузи меѓу читањата и одевме во дворот на библиотеката, брат ми ми кажуваше работи кои тешко можев да ги разберам, но сепак внимателно го слушав, бидејќи знаев колку му е важно некој да го сослуша, затоа што неговите пријатели беа посветени само на медицината, а тој сакаше нешто повеќе, тој сакаше да ги разоткрие тајните на човечкото суштество кои беа отаде анатомијата; Зигмунд беше уверен дека тоа растајнување би можело да се направи со вкрстување на разумот и чувствата, тој велеше дека и размислувањето, и чувствувањето се есенцијален дел од нас, и само при „соработката“ на тие два дела човекот може да се осознае самиот себеси.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И можеби не само за тоа додека за миг се наднесуваше над мене и ги криеше со влакнестиот подбрадок и своите очи и птиците.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Можеби се плашеше од тајната што ја очекуваше да ја впие со црните ноздри како мирис од засечена афионова чушка, тајна, за мене веќе помала од светот на рамностапалчестиот Марко Марикин и понезначајна од кошмарот во чии пени вријат крвави, распердушени и испокинати орли и штркови со очи црвени и слични на парче кора од печен рак.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
За мене веќе нема место на земјава, ќе им велам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Седев на каучот изморен од дотогашниот разговор што за мене веќе стануваше тешка мора и, речиси, отсутно ѝ ја ставив левата дланка на десниот дел од задникот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Во мене веќе нема место за ново семе, а за твоите удари имам само скржава смеа.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Да! Егзекуцијата беше извршена, и тоа по редоследот од порано утврден.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Беше повеќе од јасно дека откако бев влегол во канцеларијата на Бунде со пиштол в рака мене веќе никој не можеше да ми помогне, а и никој повеќе нема да може ни да ми наштети! Но кому да му објаснувам!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Пушам читајќи ги овие графити, замислувајќи си како изгледа Дуле со крваво око, Марко со фластер на увото и Мери со завој на носот.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
- Ајде, оди таму кажи им на другите деца и не прашувај многу, - ми рече чичкото што чучеше на земја и затресе еден шраф со раката да види дали е добро зацврстен.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Очигледно беше, дури и за моите малку кратковидни очи, дека изворот на неговите страдања е ист како и мојот, центарот на лицето, носот, она што мене веќе пет дена ми е покриено со крвав завој и што ми ја прави устата сува.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Замислив како поради мене веќе нема лулашки.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
РАЈНА: Од мене веќе нема што да сакаш. Зошто дојде?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
- Тето, - ја прекина Бреза, - мене веќе ме болат ножињата и не можам да одам.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
По мене веќе се качуваат свирачите, играчите: тие што имаат нозе ќе играат ора и сиртаки.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
За мене веќе засигурно заверувале дека сум мртва.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
„Сакана, единствена Кате, Кога ќе го читаш моево писмо, мене веќе нема да ме има - јас ќе бидам труп, или веќе фрлен во некоја дупка како претепано куче.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)